Categories

МУЗИКА Џез фестивал на дуети во Менада

Клубот Менада секој четврток го организира „Џез фестивалот на дуети“, кој започна на 11 април и ќе заврши на 2 мај.

Вечерва со почеток од 20 часот ќе се одржи проекција на „Проекција на Let’s Get Lost“, документарен филм за животот на џез музичарот Чет Бејкер, а потоа ќе настапат Бојан Иванов и Бојан Жунгулот, а по нив Бојан Петков и Иво Солдатовиќ.

Досега на фестивалот беа проектирани филмовите „Sun Ra: A Joyful Noise“, „Smith, James O. – Organist, USA“ и „Ornette: Made in America“, а настапуваа Тони Китановски и Виктор Филиповски, Кирил Кузманов и Трајче Велков, Гордан Спасовски, Кирил Туфекчиевски и Зоран Павлоски, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски и Гоце Наумов и Антоние Весковски.

Фестивалот го организира Менада во соработка со винарската визба „Тиквеш“ и пивото „Бип“.

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email