• Latest

Џо Бајден, една година на чело на САД

January 22, 2022

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Џо Бајден, една година на чело на САД

January 22, 2022 09:28
in КОНТЕКСТ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пред една година (21 јануари 2021), Џозеф Бајден на Капитол ја положи заклетвата и стана 46-ти, до сега, највозрасниот претседател на САД. Пред инаугурација, на Твитер напиша порака до својата сопруга Џил дека ја сака, а на Американците, откако ја стави раката на Библијата, порача дека треба да ја слават демократијата, а не неговата победа.

Ги повика Американците да бидат обединети за новиот почеток, вети дека ќе ја обедини Америка и дека ќе ги подобри односите со сојузниците. Претходно, неговиот противкандидат и неговите истомисленици и следбеници, го нападнаа Капитол и државните институции, предизвикаа големи штети и страв, во обидот да му ја оспорат победата на Бајден.

Во првиот работен ден во својот кабинет, потпиша 15 претседателски укази и две наредби со кои директно ги поништи штетните одлуки на бившиот претседател Доналд Трамп. Меѓу најважните одлуки кои Бајден веднаш ги поништи беше и забраната за влез во државата за граѓаните од земјите со мнозинско  муслиманско население.

Донесе одлука за повлекување од Авганистан не очекувајќи дека во Кабул ќе настане хаотична ситуација, поради што мораше да организира итно повлекување од Кабул, не само на персоналот на американските организации, туку и на голем број цивили кои работеле за меѓународни организации во Авганистан.

Откако во претходните денови беа убиени 13 американски војници и 170 цивили во напад на терористите на Исламската држава, Бајден самокритички призна дека ситуацијата на теренот се одвива побргу од неговите проценки, но нагласи дека цврсто стои на својата одлука американските војници да се повлечат од Авганистан и дека не сака да ги повтори грешките од минатото и да води војна која не е во интерес на Америка.

Должноста ја презеде во екот на пандемијата на корона вирусот и борбата против болеста ја постави како приоритет. За разлика од својот претходник Трамп, кој на граѓаните им советуваше да се лечат со разредувач за бои и ги исмејуваше епидемиолошките мерки тврдејќи дека болеста е измислена, Бајден со цела сериозност ги следи советите и препораките на епидемиолозите и лекарите повикувајќи ги граѓаните на вакцинација. Во борбата со пандемијата, Бајден беше неспоредливо поодговорен од својот претходник. Зборуваше за одговорност, дисциплина, задолжително носење на маските, тестирање вакцинација…

Од апокалиптична ситуација на почетокот од пандемијата во првите сто дена од неговото владеење во САД се поделени сто милиони дози вакцина. Денес, 63 проценти од Американците се потполно вакцинирани, а 75 проценти примиле барем една доза.

Како одговор на загрозената економска состојба во државата, Бајденовата администрација успеа во Конгресот да го усвои пакет за економската помош вреден 1,9 милијарди долари кој е насочен кон санирање на последиците од пандемијата, борбата против пандемијата и производството на вакцини и тестови, како и директна помош на најзагрозените категории граѓани. Се избори за  Закон за вложување 1,2 милијарди долари во инфраструктура за обновување на патиштата, изградба на нови патишта, водоводи, железница, брз интернет и низа други капитални инвестиции. Во првата година од мандатот на Бајден, во Америка се отворени 6,4 милиони нови работни места.

Сепак, оправањето на економијата не оди со саканата брзина, стапката на инфлацијата е 6,8% што е  незабележано во последните децении.

Во надворешната политика, Бајден ги поправи сите Трампови глупости. Ја врати американската надворешна политика на колосек со старите сојузници на кои Трамп им го сврте грбот и се приближи кон Русија и Кина, па дури и кон Северна Кореја. За разлика од него, Бајден два пати ја посети Европа, ја врати САД во Светска здравствена организација и Парискиот климатски договор и јавно најави борба против климатски промени, го промовира Глобалниот план за помош на сиромашните земји на самитот на лидерите на група Г7, го засили единството во НАТО, ги подобри односите и партнерството со ЕУ, како и партнерството меѓу НАТО и ЕУ.

Односите со Москва се на најниско ниво, но презема интензивни дипломатски напори кризата со Русија и заканите кон Украина да се решат дипломатски. Го предупредува Путин дека ќе се соочи со остри санкции доколку одлучи да изврши инвазија врз Украина.

Во случај на руска инвазија на Украина, ветува додатна воена помош на Киев и засилување на украинска одбрана. Пред крајот на минатата година, двапати разговараше со Путин при што го повика на намалување на тензиите, уверувајќи го дека САД не планираат распоредување на офанзивните оружја во Украина.

Претседателот на САД (фото извор: Wikimedia Commons)

Според истражувањето на Галуп Џо Бајден мандатот го започнал со поддршка од 57%, а година дена подоцна состојбата значајно се разликува – сега го поддржуваат 40% од граѓаните на САД. На падот на рејтингот најмногу влијаеше хаотичното повлекување од Авганистан и пандемијата чиј крај сѐ уште не е на повидок. Доналд Трамп по првата година од мандатот имал помала поддршка од 38%.

Прашањето кое го поставуваат и Американците и светот е – дали Бајден повторно ќе се кандидира  за претседател. Веројатно нема. Во мигот кога стапи на должноста Претседател на САД, имаше 78 годни, на следните избори во 2024 би имал 82 години. Во меѓувреме, Демократите би требало да пронајдат добар кандидат за изборите во 2024 година, бидејќи Републиканците и понатаму му даваат силна поддршка на Трамп кој најавува дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД.

Александар Н. Писарев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ