• Latest

ДИК: 21.594 гласачи извршија увид во Избирачкиот список

September 10, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК: 21.594 гласачи извршија увид во Избирачкиот список

September 10, 2017 17:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија соопшти дека, заклучно со вчерашниот ден, 9 септември, 24:00 часот, заврши јавниот увид во Избирачкиот список. Јавниот увид започна на 21 август и траеше 20 дена. Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија увид извршија вкупно 21.594 граѓани.

Во овој период донесени се 65 решенија за запишување во Избирачкиот список, 22 решенија за бришење и 133 решенија за промени на податоци во Избирачкиот список. На електронската апликација Избирачки список во овој период извршени се 203.191 проверка.

Во рок од 5 дена по завршувањето на јавниот увид, односно најдоцна до 14 септември, Државната изборна комисија ќе го достави Избирачкиот список на увид на политичките партии.

Политичките партии во рок од пет дена од добивањето на Избирачкиот список, односно најдоцна до 19 септември, можат до ДИК да поднесат барања за запишување, бришење или промени на податоци. По овие барања ДИК ќе одлучи во рок од три дена.

Избирачкиот список во кој се вклучени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК ќе го заклучи најдоцна до 24 септември.

Потсетуваме дека рокот за поднесување на листи на кандидати за градоначалници и членови на советите истекува на 14 септември во 24:00 часот. Листите се поднесуваат до надлежните општински изборни комисии.

На веб страницата на ДИК достапно е известувањето за потребните документи кои подносителите треба да ги достават во прилог на листите. Ги повикуваме сите подносители кои имаат намера да поднесат листи на кандидати, да го разгледаат известувањето кое е достапно за нивно информирање.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизбирачки списокизборијавен увид
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result