Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно ја усвоија завршната сметка на Комисијата за 2022 година. Како што соопшти претседателот Александар Даштевски, ДИК за 2022 година оствари вкупно 159.346.027 денари приходи и трошоци.
На денешната седница ДИК ја усвои и предлог-одлуката за дополна на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2023 година на ДИК.
-Со оваа точка се прави проширување заради исполнување обврски на ДИК во текот на оваа година поврзани со наредните избори – и тоа изработка и печатење на доверлив и недоверлив изборен материјал, дизајнирање и печатење на прирачници за едукација на изборни органи, транспорт на доверливи недоверлив материјал за избори од печатница, транспорт на доверлив или недоверлив гласачки материјал за избори на членови на ИО и ОИК до избиорачки места и обратно, транспорт и сместување на членови на ИО во ДКП, тоа се нови точки за кои јавните набавки треба да се завршат во определени рокови најкасно до крајот на годината, а некои и до средината, соопшти Даштевски.
Комисијата едногласно го усвои и Годишниот план за вработување за 2023 година, како и предлог-годишната програма за континуирана едукација во 2023 година.
Членот на Комисијата Радица Ристеска образложи дека целта на оваа програма е утврдување на формата на едукацијата на изборната администрација и сертифицираните обучувачи, бројот на работилници за едукација, темите кои ќе бидат предмет на секоја работилница, потребата и бројот на хибридни и онлајн обуки, временска рамка во која ќе се организираат работилниците.
-Преку реализацијата на оваа програма, ќе се постигнат следните цели: ќе се сугерира дека обучувачите и изборната администрација се спроедува континуирано, и следи високи стандарди, ќе се следи принципот на изборен циклус, а за реализација на оваа програма за континуирана едукација на членовите на изборната администрација ќе се спроведуваат три нивоа на обуки и едукација и тоа обуки за сертифициани обучувачи, обука на членовите на општинските изборни комисии и онлајн курсеви за изборната администрација. Овие обуки ќе бидат спроведувани во различни периоди што допонлително ќе се определи, заклучи Ристеска.