• Latest

ДИК го менува роковникот за поднесување ценовници за медиумско претставување

August 6, 2018

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДИК го менува роковникот за поднесување ценовници за медиумско претставување

August 6, 2018 09:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија денеска треба да изврши промена на роковникот, со која рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот, закажан за 30 септември, ќе се продолжи до утре.

Само овластениот предлагач, односно Собранието има привилегиран пристап до услугите, кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), предвидени со Изборниот законик.

Сите останати субјекти можат да имаат свое медиумско претставување поврзано со референдумот, но пристапот до услугите на медиумите е под пазарни услови, согласно правилата и политиките за платено рекламирање на секој медиум.

Неискористените термини, медиумот може да ги продаде на други субјекти, под услови договорени со субјектот кој го купил терминот. Ценовниците и условите за медиумско претставување, кои медиумите ги доставуваат до ДИК се однесуваат само на „привилегираниот пристап“ на овластениот предлагач. Сите останати субјекти го договараат своето медиумско претставување со соодветниот медиум, под пазарни услови, информира ДИК.

Овластениот предлагач, услугите кои ги користел за јавната пропаганда ги плаќа од сопствени средства, според ценовниците определени од медиумите и доставени до ДИК. Останатите субјекти, искористените услуги за сопствено медиумско претставување ги плаќаат од сопствени средства.

– Обезбедувањето дополнителни минути за емитување комерцијални пропагандни пораки е прашање кое медиумите (самостојно или преку нивните здруженија) треба да го договорат со Агенцијата за медиуми, која е надлежно регулаторно тело за овие прашања. Државната изборна комисија е спремна да помогне доколку цените дека ваква помош е потребна, додава ДИК.

Референдумот ќе се одржи на 30 септември, откако Собранието на 30 минатиот месец донесе одлука за негово распишување, која потоа собранискиот спикер Талат Џафери ја достави до ДИК.

Комисијата на седницата, што ја одржа на 1 овој месец, упати јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот. Јавниот увид на податоците ќе почне на 9 август и ќе трае до 23 август до 24:00 часот.

Доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него, граѓаните тоа може да го направат преку веб-страницата на ДИК https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни, наведуваат од ДИК.

Референдум е форма на неспоредна демократија и учество на граѓаните во донесување политичките одлуки, а за да биде успешен потребно е да се исполни законскиот цензус, односно на него да излезат најмалку 50 отсто од избирачите.

На избирачкиот список во моментов има околу 1,8 милиони гласачи. За да биде исполнет цензусот треба да излезат најмалку половина од нив, а одлуката ќе биде усвоена ако ја поддржале мнозинството од излезените избирачи.

Со оглед дека на референдумот ќе гласа и дијаспората, ДИК во рок од три дена од распишување на референдумот, до 2 август, до Министерството за надворешни работи требаше да упати барање за доставување на податоците за дипломатите вработени во соодветно дипломатско-конзуларно претставништво, (конзуларни канцеларии), заради избор на претседател и заменик-претседател на избирачки одбор за спроведување на гласање во ДКП-то. МНР има рок до утре август да ги достави бараните податоци до ДИК.

Трошоците за спроведување на референдумот ќе изнесуваат 3,5 милиони евра. Парите ќе бидат обезбедени од Буџетот на РМ, со прераспределба помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, како што е дефинирано во Одлуката која ја изгласа законодавниот дом.

Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКреферендумценовник
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ