• Latest

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 10, 2025

Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата“: Боиште на вистината во Скопје (целосна програма)

October 2, 2025

Ристески: Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законот за нефер трговски практики

October 2, 2025

Четврти ден кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци, Чешиново Облешево, Зрновци и Виница; СДСМ во Студеничани, Зелениково, Кисела Вода и Аеродром; Работничка Партија во Трубарево

October 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израелски воени бродови пресретнаа флотила што се движеше кон Газа, Грета Тунберг меѓу приведените

October 2, 2025

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

Радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено почитичко рекламирање на учесниците во изборниот процес, односно најдоцна до 14 август до 24 часот. 

August 10, 2025 08:59
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) го утврди упатството за начинот и постапката на утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали кои не учествувале на последните пет изборни циклуси.

Радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено почитичко рекламирање на учесниците во изборниот процес, односно најдоцна до 14 август до 24 часот.

Ценовниците за платено политичко рекламирање медиумите се должни да ги применуваат за време на изборната кампања и не смеат да се менуваат до конечното завршување на изборниот процес.

Светлана Карапетрова, на 128. седница на ДИК информира дека при утврдување на просечната постигната цена за платено политичко рекламирање од страна на телевизиите, радијата и печатените медиуми во Република Северна Македонија, ДИК ќе ја потврди просечната цена која не треба да ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секоја телевизија, радио или печатен медиум одделно, пресметана во петте изборни циклуси одржани на територијата на територијата на целата држава и тоа претседателските избори во 2024 и 2019 година, парламентарните избори 2024 година, локалните избори 2021 година, како и предвремените парламентарни избори во 2020 година.

– Просечната цена по секунда за едно деноноќие добиена според различни ценовно рекламни периоди и тоа: период 1 (од 0 до 8 часот), период 2 (од 8 до 16 часот) и период 3 од (16 до 24 часот) кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатен медиуми да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на републиката, а за електронските медиуми и интернет порталите цената за закуп на рекламен простор за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечнат цена за рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси, информираше Карапетрова.

За телевизиите кои се регистрирани во регистарот на ДИК кои учествувале во последните пет изборни циклуси одржани на целата територија на државата просечната цена ја утврди ДИК и истата со одлука не може да биде повисока од 0,94 евра, односно 58,04 денари по една секунда по рекламен простор.

За радијата кои се регистрирани во регистарот на ДИК, а кои не учествувале во последните пет изборни циклуси просечната цена ја утврди ДИК и со одлука на истата не може да биде повисока од 0,30 евра, односно 18,85 денари за една секунда, изајви Карапетрова.

За печатените медиуми, кои се регистрирани во регистарот на ДИК, а не учестувале во последните пет изборни циклуси ДИК ја утврди цената која не може да биде повисока од 370,84 евра, односно 22 878,98 денари за една внатрешно црно бела страна, односно 421,422 евра или 25 999,5 денари за една внатрешна страна во боја.

За електронските медиуми и интернет порталите цените за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање не смее да ја надминува просечната цена од рекламирањето во последните пет изборни циклуси.

Согласно член 76, став 6 од Изборниот законик сумата која може да се исплати на еден печатен медиум, електронски медиум или интернет портали од страна на еден учесник во изборниот процес не може да биде поголема од 15 илјади евра, во денарска противвредност.

Медиумите имаат право да извршат регистрација најдоцна три дена од распишувањето на изборите, односно до 12 август до 24 часот. Регистрацијата на медиуми може да се направи на посебен службен мејл на ДИК објавен на веб-страницата или непосредно во архивата на Државната изборна комисија.

ДИК е должна да ги потврди и објави на веб страната ценовниците во рок од десет дена од истекот на рокот за доставување.

Од вкупниот буџет предвиден за претстојните локални избори кој изнесува околу 9,7 милиони евра, повеќе од 2/3 се за платено политичко рекламирање.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко нагласи дека законските рокови поврзани со медиумите се реалтивно кратки – три дена за регистрација и пет дена за достава на ценовниците.

-Има рокови, евентуално за исправа на технички грешки. Сето тоа ќе го имаме во предвид, меѓутоа медиумите да имаат доволно време да ги подготват документите, изјави Кондарко.

Одговарајќи на новинарско прашање за регистрацијата не медиумите, Кондарко појасни дека ДИК постапува согласно член 75Ѓ, точка 7 од Изборниот законик, според кој „регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се води врз основа на поединечно барање за упис до ДИК со прилог тековна состојба издадени од Централен регистар не постара од 30 дена“.

-Ова е законска одредба, друго е прашањето каков е законот. Тоа не е наше право и надлежност за коментираме. Ние сме орган за спроведување на закони и сите минати избори се спроведени според оваа одредба и истиот закон и ние како ДИК сме постапиле законито. Посебно истплатата на медиумите, се работи за многу виоски износи, повеќе од 2/3 од вкупниот буџет на државата предвиден за избори се однесува за платено политичко рекламирање во медиумите, што имаат право да го користат партиите и ние како ДИК сме подлежни на ревизија после секои избори и не сме имале буквално никакви забелешки околу основите за регистрација на медиумите, изјави Кондарско.

Според Кондарко не значи по автоматизам дека сите регистрирани медиуми што ги исполнуваат условоте ќе добијат средства, нагласувајќи дека право за тоа каде и за кои износи ќе се рекламираат според закон имаат политичките партии и другите учесници на изборите на кои им следува правото на платено политичко рекламирање.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ