• Latest

ДИК молчи за тешките пропусти и спрема нов циркус од избори

May 11, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ДИК молчи за тешките пропусти и спрема нов циркус од избори

May 11, 2017 09:43
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Фантастично добро платената и супер партизираната Државна изборна комисија молчи точно пет месеци по срамниот неуспех да придонесе кон спроведување слободни избори. Наместо да биде дел од решението, ДИК (о)стана најголем дел од проблемот.

Пишува: Џабир Дерала

Според измените во Изборниот законик, ДИК имаше највисоки овластувања од кој било состав порано. Не искористи ниедно овластување да ги спречи тешките изборни нерегуларности и злоупотреби, наспроти бројните пријави од граѓанките и граѓаните, наспроти обемните извештаи и безбројни повици од ЦИВИЛ.

ДИК не го прочисти Избирачкиот список. Кога голем број гласачи без избришани од Избирачкиот список, на само два дена пред изборите на 11 декември, не презеде никакви мерки и не даде одговор на прашањата зошто и како дошло до тоа. Со тоа и со низа други постапки, ДИК грубо го повреди гласачкото право на илјадници граѓанки и граѓани, како што констатираат експертите Александар Новакоски и Драган Зелиќ (ГОНГ, Хрватска).

Ако за ништо друго, составот на ДИК треба да поднесе оставка барем за тоа, да се подложи на темелна истрага и да понесе одговорност. Да има здрава институција во земјава, сигурно нема лесно да помине.

ДИК калкулираше со броењето на гласачките ливчиња. Не даде одговор на прашањата за рекордниот број од 38,000 неважечки ливчиња. Два дена по изборите молчеше за суштински прашања кои се однесуваат на изборните резултати. Сè може да се случи за два дена.

Телата на ДИК – избирачките одбори и општинските изборни комисии направија стотици (не)намерни грешки во процедурите и го прекршија Изборниот законик во многу од случаи.

Политичките партии на опозицијата не ги зедоа предвид доказите и извештаите на ЦИВИЛ за тешките злоупотреби и со ништо не се обидоа да ги употребат во аргументацијата пред ДИК. Не направија многу за да им ги затнат муцките на криминалците што држеа експлицитни фашистички говори пред седиштето на ДИК во одбрана на својот пораз.

Пред некој ден, ДИК упати јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список. Пак ли ќе се подбиваат со луѓето? По сè што (не) направија, единствено што преостанува на менито за ДИК се оставки, истрага и одговорност, а не уште еден циркус од избори.

Tags: NovakoskiГОНГДИКДржавна изборна комисијаЗелиќизбирачки списокизборен законикизбориизборна измамаманипулацииЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ