Categories

АКТУЕЛНО ДИК со истите проблеми

Стара приказна, во старо руво – лош Избирачки список. По првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список, реагира ЦИВИЛ – Центар за слобода дека во текот на првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список во пресрет на Референдумот, до организацијата дојдоа десетина пријави за проблеми. Старите проблеми, наспротив уверувањата од политичарите и ДИК, сѐ уште се евидентни. Ова е повик до граѓанките и граѓаните да реагираат и да пријават во ЦИВИЛ.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапките на доделување договори за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари.

Теологот Хусеин Адеми во разговор за ЦИВИЛ Медиа, вели дека пред три дена имаше непријатна ситуација со припадник на МВР на пријавницата на Министерството за образование и наука.

„Нашата полиција во изминатите дваесетина година „тренираше строгочу“, а нити самите не знаат што прават. Фала богу што помеѓу полицајците има и коректни професионалци кои си ја извршуваат совесно задачата како што треба, инаку, ако сите беа како поедини полицајци кои навредуваат на верска, етничка или верска припадност, оваа држава одамна немаше да постои“, додава Адеми.

Тој се надева дека нема да се повтори оваа несакана ситуација, а особено малтретирањето и изживувањето на македонските граници, каде што полицајците се однесуваат кон теолозите (мислиманите кои носат брада) како да не се македонски државјани.

Со симболично поставување на камен темелник за новата градинка „8 Април“ во Шуто Оризари, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја почна изградбата на новиот објект во вредност од 700.000 долари, обезбедени од Владата на Кралството Новешка.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email