„Афера „Рекет“, мора да има интензивна истрага и експедитивна разрешница! Доволно е со делење на совети и памет, што треба да се направи, ги држите позициите, имате одговорност, работете и исчистете го криминалот во корен, без исклучок, или повлечете се и оставете простор на професионалците да сработат“, пишува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на својот Фејсбук профил.
„Оваа анатема дека „сите сме исти“ мора да се демантира пред граѓаните со дела и доказ, бидејќи сме многу различни. Целава сторија им остави простор на злосторниците да се трансформираат во жртви и борци против криминалот, едноставно одговорност мора да има за сите!“, истакна тој.