• Latest

Димитриевски: Младите ни заминуваат во Европа оти таму има владеење на правото, ред и дисциплина

October 28, 2020

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Димитриевски: Младите ни заминуваат во Европа оти таму има владеење на правото, ред и дисциплина

October 28, 2020 12:53
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски за ЦИВИЛ Медиа, даде свои видувања за моменталната политичка состојба во земјата по предвремените парламентарни избори, прогнози за локалните извори во 2021, како и за напредокот кон евроинтеграции.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичката состојба и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули? 

Димитриевски: Треба да имаме поголем фокус на тоа што сакаме да постигнеме и која е целта и како власт и како држава, првенствено да се ставаат нашите државни приоритети на маса, дополнително да се изнајде начин поделбата во македонскиот политички блок да се намали и да се гледаат големите цели на државата. Eдната цел ја постигнавме со членството во НАТО, и втората цел е добивање датум за отпочнување на предпристапни преговори со Европската унија и тоа е приоритет број еден во овој момент. Треба да се намалат личните политички интереси на одредени политички субјекти кои што го сочинуваат во моментов мнозинството во Владата, бидејќи сепак нашите функции се менливи, но тоа што ќе го сработиме ќе остане зад нас и ќе не следи во текот на целата наша кариера.

Премиерот Зоран Заев ја има целосно мојата поддршка на тој план и сметам дека добро го менаџира тој процес, особено на меѓународен план во делот на интегративниот процес на нашата држава и верувам дека еден ден Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ и покрај сите опструкции кои ги имаме и дома, а и од соседите во континуитет гледано децениски наназад.

ЦИВИЛ: Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Димитриевски: Првенствено многу пати чекаме и во делот на усогласување на законодавството со европското законодавство, бидејќи еден од главните проблеми во Македонија е токму владеењето на правото и функционирањето на третата власт, а тоа е судската власт во државата. Имаме преголем број на субјективизми, нерешени проблеми итн., и граѓаните ја губат довербата во државата од тој аспект. Кога ќе кажеме ‘младите ни избегаа од државата’ тие првенствено не излегуваат и не заминуваат од државата поради социо-економскиот момент, можеби тоа е втората или третата причина, првенствено ја напуштаат нашата држава затоа што немаме ред, немаме дисциплина, немаме и не создаваме елементарни услови за функционирање на младиот човек секојдневно. Кога ќе отидете на Запад или во некоја од европските држави ќе видите систем кој функционира, средена инфраструктура што секој ја почитува и го почитува редот, за жал тоа отсутвува во нашата држава и мора многу повеќе да се позанимаваме со тоа, а тоа е владеење на правото, прилагодување на законодавството, и имплементација на законите и постапување согласно законите.

Не можеме да се сведеме на ниво да имаме акции на Министерството за внатрешни работи во одредени периоди и тогаш да знаеме дека се функционира, министерството треба непрекинато да функционира. Не ни се потребни акции за да воспоставиме ред во средината, дали се работи за собраќаен прекршок или друг вид на прекршок, значи сите институции треба да се постават на ниво на функционалност во рамки на добивање на нивните надлежности. За жал, многу пати кај нас таа функционалност на институциите зависи од субјективниот пристап или притисокот од самите раководни лица се избрани на раководна позиција на таа институција, тоа не смее да биде така. Треба да постои професионален систем и правила кои ќе важат за сите и да се почитуваат.

ЦИВИЛ: Како локалната самоуправа во вашата општина се подготвува за интеграции во ЕУ?

Димитриевски: Ние сме мала држава секој се познава со секого и многу пати се прават исклучоци, а тоа води до ситуација на субјективизми или пак во ситуација на селективен пристап. Ние во рамки на нашиот сектор за евроинтеграции воведовме оделение за локален економски развој каде што ќе ги зајакнеме нашите човечки ресурси со луѓе кои имаат искуство во делот на менаџирање на самиот процес, првенствено на изготвување на проекти кои ќе ги користиме да аплицираме за европски пари кои истите ќе ни бидат на дофат. Досега имаме реализирано неколку проекти во соработка со Косово за прекугранична соработка, конкретно три проекти за изградба на инфраструктура, едниот е целосно реализаиран, а двата се во фаза на реализација. Дополнително добивме и еден проект за прекугранична соработка со Република Бугарија, со општина Дупница, за реконструкција на стари објекти од значење за градот. Очекуваме повеќе повици каде ќе можеме да аплицираме за посериозни проекти и затоа е потребно зајакнување на човечкиот капацитет и потенцијал.

Она што е елементарно и основно, а тоа е заштита на човековите права и слободи каде што локалната самоуправа има мали ингеренции во тој дел, но сепак може во рамки на социо-економски совети, локалниот совет за превенција, Советот на општина Куманово да отвара различни теми и да дебатира јавно и отворено на истите. Нашите седници се отворени и транспарентни и јавни, се следат од медиумите, имаме директен пренос на локалните телевизии и на тој начин граѓаните се запознаваат со сите активности на локалната самоуправа.

Но, добивање на поголеми ингеренции на локалната самоуправа е неопходно и трансфер на надлежности од централно на локално ниво, но секако со одредено ниво на фискална децентрализација или пак децентрализација на финансиските средства за да може истиот процес да се менаџира.

Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово

ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Димитриевски: Најдобрите прогнози ги даваат граѓаните, бидејќи тие го оформуваат своето мислење врз база на сето она што и политички партии и ние како кандидати ќе го претставиме во предизборните програми. Јас се обидувам максимално да ја реализирам мојата ветена изборна програма која се базираше на проекти од 2, 4 и 8 години и редовно давам отчет пред своите кумановчани, воведовме пракса секоја година по завршување на мандатот, календарски некаде околу 20 октомври да даваме отчет на граѓаните. Оваа година дадовме отчет од три години од работењето, лично ме прашаа и тогаш, а и сега вие ме прашувате – дали сте задоволни, јас лино сметам дека може уште повеќе да се работи. Но, ако направам една костбенефит анализа во каква состојба бевме како општина пред три години, а дека денеска после осум години сме финансиски деблокирана и стабилна општина, со право можам да кажам дека следнава година ќе имаме можност да направиме уште поголем број на проекти. Отчетот што го презентиравме на кумановчани се вика „За наше Куманово“, го принтаме во повеќе од 2.000 примероци и го дистрибуираме на граѓаните преку инфоштандови. Јавно објавив за средствата колку средства имаме на располагање и се надевам дека во 2021 година со помош на Советот на Општина Куманово ќе составиме и ќе изгласаме рекорден Буџет и рекордна развојна програма за Куманово, со поголем број на инфраструктурни проекти, кои дел од нив ќе бидат капитални.

Дали ќе се кандидирате на следните локални избори?

Димитриевски: Јас веќе најавив дека имам план да ја побарам поддршката за следниот мандат, секако довербата доаѓа првенствено од граѓаните, а поддршка ќе побарам од мојата политичката партија СДСМ и сопартијците.

Дехран Муратов
камера и фотографија: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ