• Latest

Димитриевски: Одредени политичари ги користат најгорливите прашања за ефтини политички поени

October 27, 2020
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Димитриевски: Одредени политичари ги користат најгорливите прашања за ефтини политички поени

October 27, 2020 13:11
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, одговори на повикот на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се зелените перспективи на вашата општина?

Димитриевски: На зелени перспективи првенствено се мисли на заштита на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните. Куманово има амбиции да стане зелен град и ние отпочнавме едно заедничко истражување на состојбите во општината заедно со ЕБРД. Изготвивме неколку извештаи на состојбите во училиштата, во однос на подобрување и исполнување на условите за работа, потоа реализација на енергетски ефикасни проекти во општината со тоа што би инвестирале во училиштата каде што учат учениците и во иднина реализација на ефикасни енергетски проекти. Општина Куманово е првата што отпочна стратегија за урбана мобилност и отпочнавме постапка за изработка на катастар за загадувачи во градот, а воедно и самиот катастар ќе има основна функција да ги лоцира точките каде е најголемо загадување во градот и да вршиме превентивни и по потреба и репресивни мерки од страна на нашите инспекциски служби врз најголемите загадувачи.

Избравме компанија која се вика Технолаб, која ќе ја работи комплетно таа услуга за Општината и во поскоро време ќе добиеме податоци, но дополнително општината има посериозно издвоено финансиски средства за набавка на квалитетни зелени садници кои во моментов се спроведуваат и до крајот на месецот истата ќе биде завршена. Наша цел е да засадиме до крајот на годината голем број на високо квалитетни садници во територија на нашата општина и дополнително навлегуваме во проекти за реконструкција на постоечките површини како што е викенд зоната на „Студена вода“ и на спомен „Костурница“ и други низа инфраструктурни проекти во изградба на нови спортски катчиња и игралишта.

Но, сепак тоа не подразбира само зеленото движење, туку кога зборуваме за зелените тоа подразбира и многу повеќе, а тоа е првенствено таму каде што е мултиетничките средини како што е и нашата општина, бидејќи Куманово дефакто е Македонија во мало, има шареноликост, различни сме по етничка, верска, по политичка и било која друга припадност и свесно мора да се менаџира со сите тие ресурси за да се намалат ризиците од конфликтите, бидејќи самите конфликти доаѓаат до ситуација на нови фрустрации и подгревање на процентот на можни моменти на насилство.

ЦИВИЛ Медиа: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Димитриевски: Невладиниот сектор работи, но не доволно, ние сме едни од ретките општини каде на ниво на општина функционира локалниот Сектор за превенција каде што многу често на локалниот Сектор за превенција ги отвараме темите за насилниот екстремизам кој што е многу честа појава во општеството, а особено во општества кои се мултирелигиски и мултиетнички. Со раѓање на фрустрации се создава и одреден вид на незадоволство, особено кај младите луѓе којшто знае да резултира со екстремно однесување во јавноста а и пошироко да создава конфликти. Мора да искажам благодарност до сите субјекти кои учествуваат во работа на локалниот совет за превенција, вклучувајќи ги и ресорните министерства за Труд и социјална политика, МВР и членовите на Општината кои се распоредени по сектори. Тука е активен и социо-економскиот совет кое е составен генерално од луѓе што доаѓаат од надвор и реализираме поголем број на проекти. Во моментов реализираме проект со мрежата на „силни градови“ каде што општина Куманово е член и активно работиме на обука на персоналот коишто работат во училиштата, значи директно работиме со персоналот кои имаат задача да ги едуцираат младите луѓе за тоа што е насилство, екстремизам, екстремно однесување и превенција од истиот. Откако ќе ја завршиме првата фаза со обука на професорите и наставниците, истите тие дополнително ќе се пуштат преку акциските тимови на терен да делуваат кај самите ученици и младата популација или пошироко.

Простор за незадоволство има секогаш, особено во мутиетничката средина како што е Куманово, но мора навремено да ги лоцираме потенцијалните жаришта и опасности и да ги превенираме.

Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

ЦИВИЛ Медиа: Вашиот став за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому одат во прилог, а кој губи?

Димитриевски: Од тензиите губиме сите, а за жал добиваат политиканите и ситните играчи во политиката кои во одредени моменти ги користат најгорливите прашања за придобивање на ефтини политички поени. Ние имаме такви примери во Куманово повеќе каде што имаме нерешени услови во одредени училишта каде што учат одредени етнички заедници, гледано од монотенички карактер, и токму овие реални проблеми во општеството се користат од поедини политички субјекти и репрезенти на политиката. Во предизборниот процес секогаш се отвараат тие прашања, додека институционално тие истите можат да работат на нив и да ги подобрат условите, но за жал не гледаме соодветна реакција на помагање, туку се користат за одредени моменти. Го имаме проблемот со средното училиште „Сами Фрешери“ во Куманово каде што децата ни учат во несоодветни услови, но и покрај сите иницијативи од локалната власт, централната власт односно ресорното министерство до одреден извесен период нè сведуваше на отворено неодговарање од нивна страна и повикување на различни проекти и имплементација итн., но суштински не го решаваме проблемот за изградба на ново училиште. Нормално е овој проблем секогаш да се отвара пред изборите и пред јавноста. Не треба да се прави политика во вакви моменти туку првенствено треба да се решаваат проблемите или да се посочи и реално да им се каже на граѓаните, вработените таму и сите останати во тој процес дека нема во моментов решение за едно вакво прашање и кога ќе се создадат услови истото ќе биде решено. Ова го давам само како пример, но има многу вакви примери во нашата општина.

ЦИВИЛ Медиа: Што треба да се направи во овој поглед?

Димитриевски: Воведување на поголемо ниво на професионализација во државните институции ќе го даде конечниот резултат, бидејќи што повеќе се политизираат функциите, особено оние проефсионални функции коишто се во составен дел од извршните органи на власта. Мислам дека така ќе резултираат со квалитетни услуги кои што ние како народни избраници и луѓе кои што сме вработени во системот да му служиме на граѓанинот ќе дадеме посоодветен одговор и посоодветна услуга на оној за којшто всушност ние постоиме тука, а тоа се граѓаните на прво место.

Дехран Муратов
камера и фотографија: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ