• Latest

МВР го обвинува Димитриевски!

April 6, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МВР го обвинува Димитриевски!

April 6, 2017 14:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

МВР попладнево соопшти дека ќе поднесе пријава против пратеникот од СДСМ, Максим Димитриевски, зашто, според истрагата, тој го предизвикал инцидентот што час по полноќ се случил во кафеаната „Палас“ во Куманово.

Според МВР, извесен З. А., гостин во кафеаната, час по полноќ, телефонски пријавил во СВР Куманово, дека неговиот син В. А. е физички нападнат од пратеникот Димитриевски.

„М.Д. од Куманово, во два наврата, му удрил тупаници во пределот на лицето на В. А., при што му нанел видливи повреди. Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна. Кога музиката престанала, тој се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле. Во тој момент, му се приближило лицето М. Д. Тој, исто така, бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости, го удрил во пределот на лицето два пати, со што му нанел телесни повреди“, стои меѓу другото, во соопштението на МВР.

Сведоци кои биле присутни за време на настанот, го потврдиле случајот, информираат од МВР.

Пратеникот Димитриевски изутринава за ЦИВИЛ Медиа презентираше поинаква верзија. Тој изјави дека всушност, повеќе лица под дејство на алкохол, првин вербално, а потоа и физички го нападнале во кафеаната „Палас“, во време кога со свои пријатели, тој и сопругата го славеле нејзиниот роденден. Притоа, тој се здобил со полесни повреди на едната рака.

„На семејна прослава да бидеш принуден да се браниш од алкохолизирани лица, тоа е навистина многу ниско. Бев нападнат од група видно алкохолизирани лица. Луѓето не ги познавам, сите беа во цивил. Некои потоа рекоа дека дел од нив биле и полицајци, но сепак тоа треба да го утврди полицијата“, изјави Димитриевски за ЦИВИЛ Медиа.

Од МВР не одговорија дали во инцидентот учествувале и лица кои се вработени во МВР.

Димитриевски е истакнат член на СДСМ. Пред да стапи на пратеничката функција, тој ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Куманово. Тој е еден од жестоките борци против криминалот, корупцијата и за враќање на демократските процеси и вредности во Македонија.

 

Tags: инцидентКумановоМаксим ДимитриевскиМВРОпштина КумановоПаласпратеникСДСМСовет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ