• Latest

Димитров: Секогаш сме знаеле за крупни одлуки да бидеме мудри

September 5, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Секогаш сме знаеле за крупни одлуки да бидеме мудри

September 5, 2018 16:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е трет град што го посетувам, по Тетово и Куманово, и од она што го гледам мислам дека работите одат во добар правец, бидејќи секогаш сме знаеле за крупни одлуки да бидеме мудри. Изборот е голем, историската крстосница е огромна, но нема врска со тоа дали го цениме градоначалникот или Владата, нема врска со една или друга партија и ќе биде многу неодговорно ако не се издигнеме над сето ова, пред се тие што се повикани да имаат одговорност за општото. Ама граѓаните ќе одлучат, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров при денешната посета на Крива Паланка.

Според него, граѓаните ќе донесат одлука ако мислат дека државата треба да оди напред со брзо НАТО членство и брз почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Димитров во К.Паланка

– Главните маки  кои ги има градот по разговорот со градоначалникот можам да видам дека се инфраструктурата и повеќе работни места со пораздвижена економија, а тоа е тесно врзано со она дали Македонија ќе ја отвори вратата да оди напред или ќе се врати назад кон изолација. НАТО членството значи Македонија е тука за да остане во овие граници. Членството во НАТО двојно ги зголемува инвестициите, а најсвеж пример е Црна Гора, која по влезот во НАТО, минатиот јуни, лани имаше раст на инвестициите од 96 милиони евра до 215 милиони евра во првите шест месеци од  оваа година. Невработеноста практично постојано се намалува во период од пет до 10 години. Романија од 2007 година со 15 проценти невработеност денес има четири отсто невработеност. НАТО членството значи предвидливост, што инвеститорите можат да очекуваат во наредните пет до 10 години, а во однос на приближувањето кон ЕУ ќе се зголемат  парите што и се достапни на Македонија, а сега изнесуваат 90 милиони евра годишно. Бенефит ќе имаат и земјоделците чии приходи пред и по членството во ЕУ се зголемуваат за 70 отсто, рече Димитров.

Според него, поминаа 27 години и една цела генерација остана во заложништво, а младите за жал, како што рече, ја бараат европската иднина со туѓ пасош и одат надвор.

– Ако сме одговорни треба Македонија да ја направиме европска и да има работа и во нашите граници, во нашите градови и села. Тоа е изборот што треба да го направиме на 30 септември, да се издигнеме и да расправаме кој е поефикасен, почесен, кој има покреативни визии, она што навистина им треба на граѓаните. Да не расправаме за ова, бидејќи не знам кога и дали ќе има друг воз, а од сите нас зависи иднината на Македонија и иднината на нашите граѓани, додаде Димитров.

Тој посочи дека Крива Паланка е своевиден пионер во градење пријателства со соседите, бидејќи реализирала голем број европски проекти во рамки на прекуграничната соработка со Ќустендил, користејќи ги ЕУ фондовите, а подоцна, односно дури минатата година Република Македонија го склучи Договорот со Бугарија. (МИА)

Tags: ЕУКрива ПаланкаНАТОНикола Димитровпосета
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ