• Latest

Димитров: Цврсто сме решени Македонија да стане членка на НАТО!

August 30, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Цврсто сме решени Македонија да стане членка на НАТО!

August 30, 2017 14:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Стратегиската определба на Македонија за влез во НАТО, како мултиетничко општество е кохезивен, обединувачки фактор. Македонија стои цврсто на патот да ги имплементира сите реформски процеси и највисоки демократски стандарди, со цел – целосно да се изгради во модерна европска демократија, во одговорен, активен чинител – партнер во меѓународните односи и фактор на стабилност во регионот и пошироко“, порача македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во своето обраќање на конференцијата „Република Македонија кон полноправно членство во НАТО“, што се одржа денеска во Министерството за надворешни работи.

Според македонскиот шеф на дипломатијата, сите процеси на вклученост и посветеност на Македонија, придонесуваат за поддршка на целокупниот одбранбен и воен капацитет на Алијансата.

„Како земја која што се гледа себеси како членка на Алијансата во наредниот период, ќе го зголемиме своето учество во меѓународните мировни мисии за 20 проценти, а буџетот за одбрана ќе го зголемиме за референтни 0.2% секоја година, со желба од сегашниот 1% од БДП, до крајот на мандатот на оваа Влада, да стигнеме до 1,7 -1,8 %. На регионален план, како актуелни претседавачи со Јадранската повелба и со групата за безбедносна соработка во Југоисточна Европа, во рамките на НАТО, интензивно работиме на квалитетно финализирање на зацртаните активности за 2017 “, рече Димитров на конференцијата.

Тој порача дека НАТО треба да продолжи со својата политика на „отворени врати за земјите за Западен Балкан“, пред сè, за Македонија. Алијансата не смее да дозволи кој било да прави пречки на иднината на Балканот како дел од трансатланскиот свет“, рече Димитров.

Тој се осврна и на актуелните безбедносни ризици со кои се соочува светот, а како што рече, нашиот регион бил, и е изложен на можен насилен екстремизам и радикализам. Сегашните ризици за стабилноста на Балканот, според него, не се само традиционални, туку политички, економски, информатички и информативни, со постојани обиди за мешање.

Според амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој ја истакна поддршката на САД, иако во последниот период во Македонија, регионот, дури и во САД се случија значајни политички промени, сепак три работи остануваат исти.

„Прво, НАТО останува суштина на трансатланската безбедност, второ,  НАТО сојузниците остануваат посветени на Алијансата и сѐ повеќе инвестираат во безбедноста и одбраната, и трета работа што не е променета е дека Македонија стратегиски работи на членство во НАТО. Ја поздравуваме новата енергија и подготвеност за реформи. САД остануваат партнер на Македонија. Процесот може да се подели на три области. Македонија мора да продолжи со итниот процес на реформи, зашто слабите институции и невладеењето на правото ја поткопуваат стабилноста. Новата Влада има амбициозен план за реформи, а ние се залагаме да работиме заедно со Македонија, за да ги спроведе тие реформи“, рече амбасадорот Бејли, акцентирајќи дека Македонија мора да продолжи и со модернизација на Армијата и со градење на добрососедски односи.

Според амбасадорот на Германија, Томас Норберт Герберајх, последните тензии на релација Македонија –Србија, коишто по дипломатската комуникација се разјаснети, покажуваат колку е битно да се работи на полето на мирна соработка. А, причините за овие случувања ги лоцираше во постоечкиот национализам, економската нестабилност, присуството на коруција…

„Сакам да ја потврдам нашата поддршка за членството на Македонија во НАТО. Македонија, земјите во регионот мора да ги исполнат реформите за членство во НАТО“, порача амбасадорот Герберајх.

 

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Даниела Нисева

Tags: БејлиГерберајхДимитровЈадранска повелбаЈугоисточна ЕвропаконференцијаМакедонијаМНРНАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ