На панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“, претседателката на здружението „Инклузива“ Благица Димитровска зборуваше за можноста за остварување на правото на глас на лицата со попреченост.
Имаме соработка со невладиниот сектор, но негативно е што секогаш се гледа дека политичките партии одлучуваат, а не граѓаните. Во однос на лицата со попреченост има позитивни померувања. Тоа е благодарение на соработката со институциите и набљудувачите, оваа категории да добие повеќе права, а имаат еднакви права со сите конвенции и документи потпишани во нашата држава.
Тоа што не е решено е непристапноста до гласачките места на лицата со попреченост. И тоа не е само за гласање, тие места имаат ученици бидејќи изборите се случуваат во училиштата.
Гласачкото место мора да биде пристапно за овие луѓе. На оние луѓе кои имаат изгубено работна способност, тие го губат правото на глас, тие оттука не се на избирачки список, некој друг одлучува за тоа лице, и дури и да се појават на гласачкото место не можат да гласаат. Тоа спаѓа во одземање на човекови права. Одамна бараме да се смени ова а како одговор добиваме дека треба многу закони да се сменат. Не е прашање дали сакаме или можеме, туку мораме.
Мора да се изготви нов законик кој ќе е во согласност со конвенцијата за лицата со попреченост. Нашите пораки се ставени во табелата за препораки на ОДХР И ОБСЕ.
Се надеваме дека во новиот изборен законик нешто ќе успееме да издејствуваме лицата со попреченост.