• Latest

Димитровска: На локално ниво грѓанските организации многу малку делуваат во промовирање на европските вредности

June 18, 2021
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Димитровска: На локално ниво грѓанските организации многу малку делуваат во промовирање на европските вредности

June 18, 2021 11:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вклученост на граѓанските организации во креирање локални политики е многу мала, а на промовирањето и познавањето на европските вредности не се обрнува доволно внимание. Колку граѓаните се запознаени со европские вредности, како граѓанските организации и локаната самоуправа придонесуваат до нивно промовирање, дали се имплементира Стратегијата „Едно општество за сите“ и колку ЕУ вложуван алоклано ниво во земјата, беа теми што ги отворивме со претседателката на Здржението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово, Благица Димитровска.

ЦИВИЛ Медиа: Како на локално ниво граѓанскиот сектор придонесува кон промоција и вреднување на европските вредности и мултикултурализмот?

Димитровска: Граѓанскиот сектор во Куманово некако замира. Има многу регистрирани невладини организации, но вистински што делуваат по сите прашања во однос на граѓаните, многу мал број во последно време се активни. Во однос на европските вредности, што значат слобода на говор, здружување, учество во креирање на политики на локално ниво не бележиме дека навистина се залагаат за учество на граѓанските организации во креирање на политики и многу малку делуваат во однос на европските вредности. Во однос на информирање на своето членство, кои се нивните права, Конвенциите што се усвоени   што треба да ги почитува и локалната заедница и да креира политики според тие конвенции во однос на граѓаните. Нема некое забележано делување на граѓанските организации во однос на европските вредности, толку се малку можеме да ги изброиме на прсти во Куманово, од повеќе од 200 регистрирани.

ЦИВИЛ Медиа: Колку ЕУ и нивните фондови се вложуваат на локално ниво, конкретно во Општина Куманово, во кои сегменти, што всушност им е важно?  

Димитровска: Има неколку европски проекти што се имплементираат, но граѓанските организации бегаат од обврските за имплементација затоа што се оптоварени со административни работи. Општината има неколку европски проекти што ги имплементира, но тука не се вклучени граѓанските организации. Сѐ уште немам слушнато да има заеднички проект Општината со било која граѓанска организација, што понатаму би било практично бидејќи граѓанските организации допринесуваат  проектите да бидат наменети токму кон граѓаните. За кои е даден тој проект. Ние како здружение во моментот имплементираме два европски проекти, но нашите партнери не се од Куманово, ниту пак е локалната самоуправа. Едниот проект е за инклузивно образование на кој работиме со здружението „Хенди Мак“ од Тетово, а лидер партнер е фондацијата „Чекор по чекор“. Вториот проект го работиме со австриска невладина организација, подржан од австриското Министерство за труд и заштита на потрошувачи и нега на граѓаните и кој е поддржан од ЕУ. Проектот е за поддржано вработување, односно пилотирање на социјална услуга за поддржано вработување. Дадени се 5 гранта во 5 различни општини.

ЦИВИЛ Медиа: Како се спроведува во Куманово, колку луѓето се запознаени, граѓанските организации, самата општина придонесуваат кон имплементирање на Стратегијата „Едно општество за сите“?

Димитровска: Стратегијата е наменета за целата држава во однос на различностите кај граѓаните и на локалната заедница. Во однос на целната група, јас би зборувала за лицата со попреченост. Тие малку влегуваат во овој концепт на имплементација на Стратегијата „Едно општество за сите“. Граѓаните со попреченост имаат еднакви права со сите останати. Повеќе се гледа во однос на националноста, различноста од друг карактер, отколку различноста од попреченоста. Јас би упатила една порака до оние што на национално ниво креираат политики, како и на оние на локално ниво: граѓаните со попреченост не се со попреченост. Пречките се во околината и несоздадените  услови  за еднакво учество во локалната и општествената заедница. Можат да научат многу, можат да стекнат вредности кои ги немаат „обичните“ граѓани, затоа што и овие се исти граѓани како и останатите и што повеќе вклучување на нивните граѓански организации и самите лица со попреченост во креирање на политики. Секоја политика што се креира без оној за кој е директно засегнат по одредено прашање не е квалитетна. Квалитетот на политика е ако ти ги слушнеме потребите за кого ја креираме таа политика. Конкретно на локално ниво ние како здружение многу малку учествуваме или не сме воопшто поканети во креирање на локални политики. Првпат учествуваме, пред неколку дена, во креирањето на пет годишна стратегија на локален економски совет, со застапување и лобирање за да учествуваме. Многу важна нешто работиме во еден од проектите, а тоа е вработување на лица со попреченост со што директно се намалува стапката на невработеност на локално ниво. Ако воопшто не учествуваме, оваа категорија на граѓани воопшто нема да биде земена предвид. Во други стратегии, програми на локално ниво, воопшто не сме поканети, ниту сме учествувале особено во програмата за социјална заштита, програмата за здравствена заштита… Не треба да се креираат без учество на невладиниот сектор. Сепак, тие се извор на информации, имаат бројни истражувања, експертиза и ресурси што можат да ги понудат за подготовка на квалитетни политики.

Биљана Јордановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ