„Кога веќе се бавиш со актерство, некогаш играме девици некогаш играме убијци. Актерството секојдневно ме учи да ги почитувам различностите. Преку актерството го живеам светот. Нас секој подеднакво не боли, сите сме од крв и месо. Ние истите текстови ги правиме само на различни јазици (македонски/албански). Ние често на сцена преку емоции комуницираме некогаш не треба ниту да збориме“, истакна актерката Владанка Димковска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“
„Бев во Белград викендов на една претстава и таму бевме сите од ексју просторите и никој не зборуваше за војни, за проблеми туку зборувавме за еднаквоста, за соживотот. Моето мото е дека не постојат граници“, додаде таа.
Дебатата е дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ што се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.