„Сметам дека сите почетоци за поинакво општество тргнуваат од образованието. доколку се вратат различностите во клупа, и доколку и таму нема поделба и доколку дозволиме да се учат повеќе јазици, така подобро ќе го запознаеме светот околу нас.
Вака лично не сум, најверојатно не се движам во такви кругови па да чувствувам многу големи поделби и многу големи разлики, нормално, сите сами си го бираме кругот на луѓе. Сметам дека дел од нив се политички наметнати и дека тоа ги прави разликите да бидат негативни а не позитивни и дека мора да се смени начинот на кој што се зборува за разликите дека тие се всушност наша најголема доблест и предност во светот, бидејќи е предност да живееш во мултикултурно општество. Предност е килимот да ти биде од најразлични шари и сметам дека само преку образование може да го смениме тоа за генерациите што идат.
Сметам дека мора да се учат сите јазици што се присутни кај нас бидејќи тоа е таа јазична бариера која мора на некој начин да се скрши и мислам дека сме на добар пат тоа да го смениме. Јас одбирам да верувам така бидејќи сакам да живеам во таква средина, сакам моите деца утре да не морам да им објаснувам, да не мора да го зборуваме ова бидејќи се надевам дека тоа ќе биде наша доблест„ додаде актерката Владанка Димковска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“
Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети