„Семејството, татковината и ВМРО-ДПМНЕ за нас се света работа. А вас душмани ќе ве решаваме еден по еден, сите до еден!“, гласи заедничката порака на сопружниците Ристе Илиев и Ангелина Илиева.
Фејсбук профилот на Илиев е само со содржини за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и профилната фотографија му е со Митко Јанчев, поранешниот министер за внатрешни работи, кој е осуден за крвавиот 27 април.
Но, за разлика од Илиев за кој нема податоци кај и што работи, неговата сопруга Ангелина Илиева е ВД директорка во СОУ „Св. Кирил и Методиј“, Неготино.
Профилот на директорката Илиева е преплавен со содржини за ВМРО-ДПМНЕ, икони, цркви и нејзините малолетни деца.
Како и на кој начин директорката Илиева која според објавите на нејзиниот Фејсбук профил е „патриотка“, мајка, верничка, ќе решава душмани еден по еден?
Министерството за образование, Државниот просветен инспекторат и особено родителите на децата кои учат во СОУ „Св. Кирил и Методиј“, Неготино, треба да реагираат и да бараат одговорност од директорката за ширење на говор на омраза.
Партиските набои и агенди мора да останат надвор од училишните клупи! Не доликува на раководител на образовна институција да се заканува со реваншизам кон неистомислениците. Образовните кадри, покрај образование, треба да шират и мир, љубов, соживот, почитување на различностите…
ЦМТ