• Latest
Фото: МИА

Директорот на НВО „Глас на Ромите, Ашкалиите и Египќаните“ се сомнева дека нападот во Урошевац бил етнички мотивиран

November 13, 2024

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Директорот на НВО „Глас на Ромите, Ашкалиите и Египќаните“ се сомнева дека нападот во Урошевац бил етнички мотивиран

November 13, 2024 15:52
in РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на косовската невладина организација „Глас на Ромите, Ашкалите и Египќаните“, Исак Скендери, во врска со настанот што се случи во понеделникот во Урошевац, каде маж со нож избоде четири лица, меѓу кои две малолетнички, вели дека сите жртви се припадници на малцинската етничка заедница на Роми, Ашкалии и Египќани и апелира да се откријат вистинските мотиви зад ова злосторство, јави дописникот на МИА од Приштина.

Скендери денеска на својата страница на Фејсбук напиша дека „таквиот модел“ на напад сугерира дека тој бил етнички мотивиран и претставува злосторство од омраза.

„Овој чин на насилство не може и не треба да се толерира. Дотолку повеќе, неговата вистинска природа не треба да се релативизира. Според првите извештаи, напаѓачот повредил случајни минувачи, но сите жртви припаѓаат на овие малцински заедници. Таквиот модел сугерира нешто подлабоко и многу повознемирувачко: етничка мотивација поттикната од омраза“, напиша Скендери.

Тој побара од властите правилно да го оквалификуваат злосторството од понеделникот, кога маж со нож повреди две 10-годишни девојчиња и двајца мажи на возраст од 30 години.

„Секој живот има вредност, а мотивот зад ова злосторство мора да се расчисти и соодветно да се казни. Градоначалникот на Урошевац потврди дека агресорот е уапсен по нападите, но од суштинско значење е детално да се истражат неговите мотиви, со оглед на јасното прашање со кое се соочуваме – кога ‘случајните’ жртви припаѓаат на една единствена етничка група, мораме да прашаме зошто“, се вели во реакцијата на Скендери.

Истакнувајќи дека „ова не е прво злосторство од омраза“, тој порача дека и овој настан покажува дека во Косово „не секој граѓанин се чувствува безбеден, ценет и почитуван“.

„Ова не е прво злосторство од омраза во нашето општество, насочено кон ромската, ашкалиската и египќанската заедница. За една толку мала земја, исполнети сме со многу инциденти мотивирани од етнички предрасуди и длабока нетрпеливост. Историјата покажа дека Ромите и другите заедници се држат маргинализирани, во понижувачки услови за да се задржат системите на социјална експлоатација. Неверојатно е дека ова продолжува да се случува и денес – заедниците да се користат за изливи на клевети и омраза. Во едно демократско, модерно општество како Косово не секој граѓанин се чувствува безбеден, ценет и почитуван“, пишува Скендери.

Tags: Косовоправа на Ромитечувекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ