• Latest

Дискриминацијата стана олимписка дисциплина, ќе се искорени само со подигање на јавната свест

June 14, 2021
Пламен се издига над рускиот град Чебоксари во Република Чувашија по наводниот украински напад со беспилотни летала на 9 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Украински дронови предизвикаа пожар во руски објект за електронско војување во Република Чувашија, погодиени два авиони во нападот на воздухопловната база Саваслејка

June 9, 2025
Јавен собир во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Приведен Александар Нацев, сопственикот на агенцијата која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

June 9, 2025

(ГРАЃАНСКИ ФОРУМ) РЕАКЦИИ: Да си заминат, да кажат колкава е реалната инфлација, нема веќе пораки – ќе ги добиете на избори, им порачаа граѓаните на властите

June 9, 2025

КОРИДОРИТЕ И ОЧАЈНАТА СОСТОЈБА НА СИСТЕМОТ (II): Пругата за Ќафасан поставена на многу баксузи, а исправена пред светски предизвик

June 9, 2025
Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Лицата со попреченост добиваат подобар дигитален пристап: Прва институционална веб-страница достапна за сите

June 9, 2025

Листата „Не ја даваме на Србија- Александар Вучиќ“ доби највеќе гласови на локални избори во два града во Србија

June 9, 2025

Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

June 9, 2025

Под истрага реалниот сопственик на Агенција за обезбедување за пожарот во кочански „Пулс”

June 9, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Бродот со помош за Газа пресретнат од израелските сили, Грета Тунберг и останатите активисти притворени 

June 9, 2025

Наместо мобилизација – брендирање. Наместо отпор – административна послушност.

June 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дискриминацијата стана олимписка дисциплина, ќе се искорени само со подигање на јавната свест

June 14, 2021 16:02
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Менување на јавната свест која што почнува од семејството, од дома, реформи во образовниот процес уште од најмала возраст и во претшколските и во школските установи, медиумите, промени во политичкиот систем – со цел жените да не бидат само квота, туку да бидат поставени на одлучувачки позиции, се дел од заклучоците кои призлегоа од денешната панел дискусија „Обединети во различностите: Рамноправност и недискриминација во Република Северна Македонија“, во организација на Центарот за европски истражувања и анализи – ЕУРОПРОСПЕРА.

Активистката Лиса Баута Шакири истакна дека ние сме општество кое се плаши од непознатото, односно имаме фобија да дознаеме за нешто различно. Таа додаде и дека жените често се злоупотребуваат во политички кампањи, односно се бираат недоминантни жени, по неискусни во политиката, да бидат на третото место од избирачкото ливче, да бидат млади и убави…

„Ние уште како деца различно ги воспитуваме машките и женските деца. Женските деца го носат товарот за докажување дека е рамноправни со машките деца и треба да ги научат домашните работи бидејќи се за туѓа куќа, додека машкото дете не се труди ниту сам вода да си земе – тука е мама да му донесе. Ние треба уште од дома да почнеме да учиме за родовата еднаквост. Јас кога излегувам на кафе со другарки сите ме прашуваат – а кој ти ги чува децата дома, за разлика од маж ми кога ќе оди на кафе со другари, него никој не го прашува“.

Маја Морачанин, пратеничка и претседател на ДОМ истакна дека е потребно имплементација и сериозни напори да се вложат повеќе во имплементација на европските законски решенија.

„Особено е важно и менување на јавната свест која што почнува од семејството, од дома, но многу важен фактор е образовниот процес и тоа е клучното влијание уште од најмала возраст и во претшколските и во школските установи и медиумите коишто даваат поддршка на овие теми кога се зборува за родовата еднаквост, за правата на жените, за ЛГБТ луѓето, Ромите и другите маргилизирани групи, бидејќи на тој начин едноставно може да се менува јавната свест, да се разбиваат стереотипите и предрасудите и да се спречува и да се заштитиме сите од дискиминација, говорна омраза, насилство од омраза, кои што за жал се уште се присутни во нашето општество“, рече таа.

Весна Поповска, декан на Правниот факултет при Меѓународниот универзитет „Визион“ потенцира дека „за да се откорне“ дискриминацијата потребно е да се направат и промени во политичкиот систем и апелира да има поголема женска застапеност во одлучувачки позиции, а не да бидат само квота.

„Неопходно е Северна Макеоднија да биде една изборна единица во која сите групи, помалите и маргилизираните групи ќе можат да ги искажат своите ставови и репрезентативнот во Парламентот. Ова да се оствари треба да се направат и промени во политичкиот систем, неопходно е Северна Макеоднија да биде една изборна единица во која сите групи, помалите и маргилизираните групи ќе можат да ги искажат своите ставови и репрезентативнот во парламентот. А во поглед на претстојните локални избори апелираме да има поголема женска застапеност и во делот на одлучувачките позиции, односно не само во бројот на застапеност на листите, туку и во бројот на кандидатки за градоначалнички носителки на листи, претседателки на совети. Апелираме исто така, да има посебно внимание во делот на изборот на квалитетот на жените кои доаѓаат на овие позиции. Жените да не бидат само квота, туку навистина да добијат репрезентативност која е соодветна“, рече Поповска.

Александра Димовска, извршна директорка на Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА истакна дека на дискусијата е нотиран напредок во нашето општество во областите човекови права, актидискриминацијата, но рече, ни претстои уште многу работа за да се направи нашето општество родово сензитивно, потолерантно, поотворено.

„Ги повикувам сите релевантни институции да ја продолжат својата работа и да овозможат поголем напредок и побрза европеизација и тоа ќе нè однесе чекор поблиску до интеграција на Северна Македонија во Европската унија“, рече Димовска.

текст, камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ