• Latest

Диво Насеље, Денот на Европа и победата над фашизмот

May 9, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Диво Насеље, Денот на Европа и победата над фашизмот

May 9, 2019 10:40
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На 9 Мај се сеќаваме на Диво Насеље, дводневна жестока битка меѓу македонската полиција и криминално-терористичката група на Мирсад Ндрецај, еден од најтрауматичните настани од долгиот пад на режимот на Груевски. На тој ден, (квази) претседателот Иванов беше на воената парада во Москва, иако можеше да биде и во Северна Кореја или на гости кај уште еден доктор на науки, д-р Мугабе, добриот пријател на режимот чија марионета беше самиот. И тогашниот премиер Груевски, сега азилант, беше кај некои свои пријателчиња низ Европа. А овде се лееше крв. На денот на Европа.

Џабир Дерала

Четири години по оваа крвава „мала војна“, има повеќе прашања отколку одговори. Владата на Зоран Заев донесе одлука да отвори меѓународна истрага, но и по две години, таа не е започната. Сѐ уште се гласни тврдењата дека Диво Насеље е сценарио на тогашниот режим за да се втурне земјата во меѓуетнички оружен конфликт. Диво Насеље ќе остане темна сенка над овој датум засекогаш.

„Малата војна“ во Диво Насеље му претходеше на најголемиот протест организиран во Македонија било кога, 17 мај 2015. Наспроти стравичната закана што крвопролевањето во кумановската населба, зад кое стојат сѐ уште скриените мрачни сценарија и сценаристи, пред владата се собраа близу сто илјади граѓанки и граѓани за да му кажат сиктер на режимот.

Никогаш не смее да се заборави улогата на тогашниот претседател на кумановскиот општински совет, сега градоначалникот Максим Димитриевски. Тој излезе на улиците на Куманово и храбро го впери својот прст во режимот, дека тие се одговорни за овој напад на државата и меѓуетничкиот мир. И кумановецот Авди Авдиу остана запаметен со својата трогателна изјава пред камерите во која ја искажа својата надетничка ориентација и повика на смиреност, разум и сплотеност на сите заедници што живеат во Куманово и Македонија. За мене, тие се хероите што го спречија меѓуетничкиот судир што терористите и нарачателите се обидоа да го предизвикаат.

На маргините од нашето сеќавање, овој датум треба да го запомниме и по промоцијата на уште една книга на „докторот на науки“ Груевски – „Искуства за иднината“ на Саемот на книгата оваа година. Издавачката куќа „Ѓурѓа“ одлучи да нѐ потсети на деспотот што доби закрила од Виктаторот од Орбанистан. А кој друг? Тоа е истата издавачка куќа, пријател на режимот, што во годините на режимот издаде над десет наслови од „капиталните“ дела на нацизмот и фашизмот, како што се „Мојата борба“ од Адолф Хитлер „Фашистичка револуција“ од Бенито Мусолини, „Говорите на Гебелс“ и низа други. Се разбира, и книгата „Зборови што го менуваат светот“, посветена на рускиот диктатор Путин, е дел од продукцијата на оваа издавачка куќа што е заслужна за масовно ширење на фашизмот и нацизмот преку полиците поставени во секоја книжарница и малку поголема самопослуга во земјата.

А што е 9 Мај?

На 9 Мај ја славиме Европа. Се слави и како Ден на победата над фашизмот. На тој ден, повозрасните се сеќаваат воените паради на некогашната ЈНА во некогашната СФРЈ, а помладите, како и цела Западна Европа, го слави како Денот на Европа.

На овој ден беше претставена декларацијата на Роберт Шуман во 1950 година, според која се креира Европската заедница за јаглен. Во Шумановата декларација, меѓу другото, се вели: „Солидарноста во производството, воспоставена на овој начин, ќе ја направи секоја војна меѓу Франција и Германија незамислива и материјално невозможна.“ Декларацијата што ја потпишаа Франција, Германија, Италија, Холандија, Белгија и Луксембург, само пет години по најкрвавата војна во историјата на светот, стана основа за Европската Унија каква што ја знаеме денес.

Овој ден е Ден на победата. Еден од најзначајните датуми за модерната цивилизација. Потсетник…

Борбата продолжува.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Share68TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ