• Latest

ДКСК е главно тело за контрола и превенција од корупција, со зголемувањето на надлежностите треба да се зголемуваат и нејзините капацитети

December 20, 2021

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ДКСК е главно тело за контрола и превенција од корупција, со зголемувањето на надлежностите треба да се зголемуваат и нејзините капацитети

December 20, 2021 15:12
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Корупцијата влијае на сите сфери од животот, ја еродира демократијата, владеењето на правото и го намалува животниот стандард на луѓето и довербата во системот. Државната комисија за спречување на корупцијата е главно тело за контрола и превенција од корупција, но со зголемувањето на нејзините надлежности треба да се зголемуваат и нејзините капацитети – човечки и финансиски. Во борбата против корупцијата се неопходни силни институции, но и соработка на сите чинители – институциите, бизнисот, невладиниот сектор, граѓаните и медиумите.

Ова го порачаа учесниците на денешната тркалезна маса „Стандардите за превентивни анти-корупциски тела, политики и практики, според Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата“, во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со Министерството за правда и со поддршка на Акцијата против економскиот криминал во Северна Македонија.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, посочи дека Северна Македонија е потписник на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата од 2005 година и дека досега земјава има поминато два циклуси на преглед на имплементацијата на Конвенцијата.

Во извршното резиме од прегледот на имплементацијата на Конвенцијата од вториот циклус, во поглавјето превентивни мерки од член 5 и 6 за земјава, според Ивановска, се посочува дека на ДКСК, како автономно и независно национално тело и се доделени различни превентивни и репресивни функции против корупцијата.

– Иако буџетот наменет за ДКСК се зголемува од година во година, нашите финансиски и човечки ресурси остануваат недоволни, бидјеќи надлежноста на Комисијата постојано се проширува. Идентификуван е недостаток на специјализирана обука за вработените во Комисијата. Заради тоа се препорачува Република Северна Македонија да преземе мерки за да се увери дека ДКСК има оперативен капацитет и дека и се доделени соодветни ресурси за да ги исполни своите опсежни надлежности, вклучително обезбедување и обуки, кои се неопходни за персоналот да ги извршува своите функции, изјави Ивановска.

Од почетокот со работата во ДКСК во февруари 2019 година, Ивановска нагласи, дека најголеми предизивици биле просторните услови, електронската поврзаност со институциите од кои треба да се добиваат податоци и човечкитеи ресурси.

– По три години надминати се некои од овие простори. Добивме нови простории и соодветна сервер сала, каде беше сместена опремата добиена преку ИПА проектот. Малку бавно, но имаме подобрување и во делот на човечки ресурси, но тоа е недоволно и далеку од потребното. Се уште не сме го достигнале прагот на потребни вработени според старата систематизација, пред проширување на надлежностите на ДКСК со новиот закон, изјави Ивановска.

Во периодот што следи, според Ивановска, треба да се направи јакнење на човечките ресурси – по бројност и по специјализираност.

– Не мотивира тоа што меѓународните институции, особено ЕК ја препознава нашата работа и ја нотираат во своите извештаи нашата работа како независен и превентивен орган, изјави претседателката на ДКСК.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, порача дека корупцијата е главен предизвик за сите држави, што ја еродира демократија, владеењето на правото, го намалува животниот стандард и влијае на секоја сфера од животот и ја намалува довербата во системот.

-Не е добро да се плаќа или бара услуги, кои државата треба да ги ганатира бесплатно за своите граѓани. Не е добро да се плаќа или користат врски за да се добие договор или работа. Но, ова е искуство на многу луѓе. Корупцијата ги намалува сите цели и вредности за кои се залага ЕУ и затоа ефикасната борба против корупцијата, вклучително владеење на правото и демократските принципи се главен услов во процесот на проширување, порача Гир.

Последниот извештај на ЕК за Северна Македонија, се оценува дека корупцијата е присутна во многу сфери и останува проблем за грижа.

– Потребни се посилни напори за структурна и општествена промена, што ќе биде одржлива и нема да може да назадува. Ова бара огромна посветеност од државните институции на централно и локално ниво, како и силни инстиуции кои се подготвени за преземање храбри чекори на сите нивоа и соработка на дневно ниво. Ова, исто така, бара поддршка од бизнис и професионалните асоцијации, НВО секторот, граѓаните и медиумите, изјави Гир.

Борбата против корупцијата, посочи Гир, бара постојан напор и ЕУ ќе продолжи со техничка и финансиска поддршка и преку споделување на најдобрите праски, со цел, заедно да ги исполниме очекувањата на граѓаните.

Раководителката на оперативното работење, при Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Лејла Дервишагич, порача дека борбата против корупцијата е еден од главните приоритети на Советот.

– Нашиот пристап е мултидисциплинарен и составен од три елементи – поставување на ЕУ стандарди, мониторинг и спроведување на стандардите и градење капацитети за сите земји и региони преку програми за соработка, изјави Дервишагич.

Настанот е организиран во рамки на Месецот посветен на борбата против корупцијата – Месец Декември 2021, како дел од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ