• Latest

ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија

June 10, 2024

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија

June 10, 2024 13:53
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно  27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024.

ДКСК на денешната шеста седница соопшти и дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство.

За двете разрешувања – и за медицинскиот директор на  Токсикологија, д-р Данил Петровски, и за директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи.

Оформениот предмет по пријавата за Токсикологија го образложи Цвета Ристовска, член на ДКСК, која  посочи дека причина за разрешување на медицинскиот директор била „несовесно постапување“ и заради непродолжување на договорите на дело за 18 лица на Клиниката.

Притоа посочи дека иако на 30 април била изречена забрана на оваа ЈЗУ за пристап на лица без договори за вработување, единаесет здравствени работници продолжиле да се евидентираат во електронски систем без склучени договори.

На 23 мај при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека се склучени договори на дело со 11 лица кои биле потпишани само од организацискиот директор, иако според Законот за здравствена заштита должноста ја извршуваат и медицинскиот и организацискиот директор.

Договорите за дело со 11-темина, како што посочи Ристовска, се склучени спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, каде е наведено дека актите и финансиските документи се во заедничка надлежност на двајцата директори и тие заедно ги потпишуваат.

-Од целокупната фактичка состојба, ДКСК утврди дека наводите се основани и донесе одлука која се однесува на двете состојби – дека од министерот е донесено решение за разрешување на директор кога се уште не е завршен избор за пратеници, како и дека од страна на организацискиот директор за потпишани договори со лица здравствени работници спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, истакна Ристовска.

Антикорупциската комисија одлучи и дека е незаконски и неосновано разрешувањето на директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски на 27 мај 2024, постапувајќи по пријава што до нив била поднесена ден подоцна.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска соопшти дека пријавата е поднесена врз основа на повреда од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборен законик затоа што и во овој случај министерот го разрешил директорот пред 30 мај, кога е усвоен заклучокот за завршени Парламентарни избори.

-Од фактичката состојба ДКДК утврди дека наводите се основани, дека со дејствијата на министерот за разрешување не се испочитувани забраните односно решението е донесено во период кога се уште не бил завршен изборот на пратеници, рече Димитровска.

И за овој предмет Антикорупциска констатира дека  постапката за разрешување не била спроведена согласно Законот за здравствена заштита бидејќи, рече таа, со здравствената установа управува Управен одбор кој доколку утврди некоја од основи за разрешување, за тоа го известува Здравствениот совет кој врз основа на тоа ја донесува иницијативата за разрешување на именуваниот пред истекот на неговиот мандат.

Tags: ДКСК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ