• Latest

ДКСК: Постапуваме во рамки на надлежностите, неселективно ги разгледуваме пријавите, а одлуките се носат на седница

January 28, 2022
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ДКСК: Постапуваме во рамки на надлежностите, неселективно ги разгледуваме пријавите, а одлуките се носат на седница

January 28, 2022 16:45
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека е изненадена од изјавите на политички партии кои се обидуваат нејзиното работење да го искористат за дневно политички пресметки, пренесува информативната агенција МИА.

Ваквите неаргументирани напади, посочуваат од ДКСК, се штетни за институциите, го рушат нивниот интегритет, истовремено го рушат и интегритетот на политичките партии и создаваат општа недоверба во јавноста.

ДКСК постапува во рамките на своите законски надлежности, неселективно ги разгледува доставените пријави, отвора предмети по сопствена иницијатива, а своите одлуки ги носи на јавна седница. За тоа говорат и фактите, имено само минатата година Комисијата донесе одлука за 479 предмети. Имајќи предвид дека борбата со корупцијата е приоритет во земјава, Комисијата очекува сите чинители во државата да дадат свој придонес и заедно да се избориме со ова општествено зло, што е можно само со искрени и заеднички залагања од страна на сите фактори во општеството, потенцираат од ДКСК.

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница предложи Управата за финансиска полиција да ја прошири кривичната истрага против поранешниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу за злоупотреба на службената положба.

Kако што образложи членот на ДКСК Нури Бајрами, предметот е оформен по сопствена иницијатива, односно по допрен глас за наводи изнесени во медиумите против поранешниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу кој во време на оформување на предметот се уште ја вршел функцијата министер. Сухејл Фазлиу ја вршеше функцијата министер од 1 јуни 2017 до 26 јуни 2019 година.

– Во наводите изнесени во медиумите, тогаш, се набројани неколку злоупотреби на службената положба, како и несовесно работење во службата од страна на министерот и други службени лица од ова Министерство преку користење на службени патнички возила за приватни цели и потреби, а на трошок на буџетот на институцијата, при што еден од ангажираните лица го злоупотребил ротациското осветлување за избегнување на плаќање патарини на патниот правец Скопје – Гостивар – Скопје, а како што тогаш објави Инфомакс, Фазлиу си ја врботил целата поблиска фамилија на високи функции во Министерството, појасни Бајрами.

Заради проверка на наводите и утврдување на фактичката состојба, ДКСК доставила барање за прибирање податоци и информации до Министерството за локална самоуправа, меѓутоа доставените податоци од страна на Министерството биле нецелосни, односно не биле доставени копии од патните налози. Од Министерството, подоцна, бил доставен допис со кој ја известиле ДКСК дека не постои дополнителна документација која би ја доставиле.

– Од работата по овој предмет произлегува дека продолжува трендот на лошото управување со јавните финансии и државниот имот што навистина се коси со сите принципи на владеење на правото, нагласи Бајрами.

Констатираше дека ДКСК не е во можност, а не е ни надлежна во целост да ги утврдува изнесените наводи, и поради тоа предложи постапувањето по овој предмет пред ДКСК да запре.

– Истовремено предлагам да се бара постапување од Управата за финансиска полиција која, како што е изнесено во медиумите тогаш, на 10 декември 2018 година поднела кривична пријава против претходниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и против неговиот претходник Лирим Шабани, за незаконска исплата на хонорари во износ од околу 37 илјади евра. Кривични пријави заработија и поранешна советничка во Мининистерството, но и службеничката одговорна за спроведување на ИПА оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија. Оваа кривична пријава се однесува на еден мал дел од овие наводи и предлагам да се достави барање Управата за финансиска полиција да проодлжи и по другите наводи од овој оформен предмет, рече Бајрами.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ