Инспирирани од информацијата дека се нарачани над 50 уметнички слики на високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ за нивниот партиски штаб, демонстрантите на вчерашниот протест носеa „гоблен“ во кој беше врамена слика на раководството на партијата, но зад решетки.
Главниот транспарент на протест беше слоганот: „Нашата уметност е бесплатна“.
Демонстрантите вчера повторно ја фарбаа Владата, а пред Собранието на Р.епублика Македонија, „командосите“ на Шарената револуција беа одликувани со ордени на заслуги, кои ги изработија граѓан(к)ите.