• Latest

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

May 22, 2020
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

May 22, 2020 19:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.246.532 лица. Од нив починале 336.238, а оздравеле 2.119.137 луѓе.

– Министерството за здравство на Грција денеска соопшти 21 нов случај на Ковид-19, а почина уште едно лице. Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 2.873 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 169 лица.

-Само четири нови случај на Ковид-19 од анализирани  1.970 примероци во изминатите 24 часа соопшти Министерството за здравство на Кипар. Од почетокот на епидемијата, заразени со новиот коронавирус се 927 лица.

– Во Србија, за првпат во изминатите 24 часа, не се забележани смртни случаи. Тестирани се 5.998 лица, од кои 105 случаи потврдени.

– По вчерашните пет денеска во Албанија регистрирани се 12 новозаразени со Ковид-19, со што вкупниот број се зголеми на 981 лице. Во последното деноноќие регистрирани се шест оздравени или 777 што е околу 79 отсто од вкупно заболените. Активни на болеста се 173 лица, главно во Тирана, Драч,Круја и Скадар. Од, нив болнички се лекуваат 17 пациенти, од кои пет се на интензивна терапија. Битката со болеста ја изгубиле 31 лице. Од почетокот на пандемијата направени се 14.259  тестови, од нив 12.933 молекуларни и 1326 серолошки.

– Бројот на заразени со вирусот во Африка е над 100.000, соопштија денеска африканските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), а повеќе од 3.100 луѓе починале од Ковид-19 на континентот каде живеат 1,3 милијарди луѓе.

– Стапката на смртност од коронавирусот во Русија ќе се зголеми нагло во мај, изјави денеска руската вицепремиерка Татјана Голикова. Според неа, анализата на руските експерти врз основа на резултатите во изминатите три недели и анализата на епидемиолошката крива, покажува сериозно зголемување на стапката на смртност во овој месец.

– Чешките здравствени власти соопштија дека ширењето на новиот коронавирус е под контрола и покрај зголемувањето во последните денови. Наспроти ова, Чешката Република се подготвува за ново олеснување на анти-епидемиија мерките од понеделник. Министерот за здравство Адам Војтех рече дека првиот бран на олеснување на мерките, што почна на 11 мај, немало негативен ефект. Од утрово, вкупниот број случаи на Ковид-19 регистрирани во Чешка беше 8.757, а на смртните случаи – 306. Вкупниот број хоспитализирани пациенти е 150 до денеска, што претставува намалување од две третини во однос на пикот.

-Во Косово вчера беше потврден само еден нов случај на заразен, а не се регистрирани новоизлекувани или починати од Ковид-19. Вклучително вчерашните статистики, како што објави Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), во земјата досега се регистрирани 1.004 лица заразени од новиот коронавирус, од кои излекувани се 772, а вкупно се забележани 29 смртни случаи, од кои последниот на 12 мај. Според овие податоци, вкупно во земјата активни заболени од Ковид-19 се 203 лица. Во текот на вчерашниот ден, на кој се однесува последниот извештај на ИШПК, извршени се тестирања на 145 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а вкупно, од појавата на епидемијата, се тестирани 12.551 лице.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ