Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.971,558 лица. Од нив починале 273,792, а оздравеле 1.370,749 луѓе.
– за влез во Србија во иднина ќе биде потребен тест на коронавирус, не постар од 72 часа, а оние кои немаат потврда за негативен тест ќе мораат да престојуваат 14 дена во изолација. За оние кои ќе сакаат да заминат од Србија во странство ќе се почитуваат правилата на таа земја. тестот за коронавирус во Србија ќе чини 50 евра.
– Шестмесечно бебе е едно од последните жртви на коронавирусот во Велика Британија, соопшти денеска Националната здравствена служба на таа земја. Бебето е меѓу денешните 332 смртни случаи.. Вкупно 22 од новите смртни случаи биле на возраст меѓу 40 и 96 години и немале други заболувања.
– Австрија денеска ги соопшти правилата за угостителите кои ќе мора да се следат кога следната недела ќе бидат отворени баровите и рестораните. Се бара да има најмалку еден метар растојание меѓу масите, како и дополнителни хигиенски мерки. Освен тоа, персоналот кој е во директен контакт со гостите ќе мора да носат заштитни маски за лице. На една маса може да седат максимум четворица возрасни и деца, освен во случаи кога ќе може и поголем број доколку живеат во исто домаќинство.
– Стотици луѓе во Белорусија, меѓу кои и ветерани од Втората светска војна учествуваа денеска во свеченост во црква во Минск. И покрај растечката епидемија во таа земја, никој од присутните не носел заштитна маска.
– ЕУ најави испорака на милион и пол медицински маски за 17 држави членки и Велика Британија. Станува збор за дел од 10 милиони маски набавени преку ЕУ инструментот за итна помош, а кои во следните шест седмици ќе бидат распределени во најзагрозените региони на државите членки.