• Latest
Фото: МЕТА

Дневна доза партиски обвинувања

October 17, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дневна доза партиски обвинувања

October 17, 2018 13:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МЕТА

Фото: МЕТА

Share on FacebookShare on Twitter

Кој кого оштетил, кој кого ограбил и кој како ќе ја оправи државата се дневните препукувања на политичките партии.

Со иста реторика и со исти обвинувања СДСМ да не заборави ВМРО-ДПМНЕ што правеше за време на нивното владеење, а ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека било па поминало и додека не се вратат на власт СДСМ е криво за економијата, образованието, продажба на името…

Мицкоски „забранетиот говор“ го најавува за ден/два, најверојатно да го дополни со уште сочни детали за криминалите на СДСМ, Владата и кршење на слободата на говор во Собранието.

Образложението на Мицкоски е не е битно кој е домаќин во Собранието, и дека ова е јасен одговор какво помирување нуди премиерот. Понатаму тој јасно дава до знаење дека Договорот од Преспа е мртов и власта да се помири со тоа.

Правно –политичкото мртвило на Договорот е всушност став на граѓаните, па оттаму и став на опозицијата.

Граѓаните – еднакво –партија- еднакво- волја за власт.

Или кој губи има право да се лути.

СДСМ од својот прес центар соопштува дека и  Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се разочарување, но не мора да бидат и пратениците. Доволно е само да ги следат државните интереси. Државен интерес број еден во моментот е Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. А за тоа треба двотретинско мнозинство и поддршка од опозицијата за Договорот од Преспа.

„Сега секој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ има шанса со поддршка на процесот во Собранието, на дело да покаже дека навистина е за членство во ЕУ и НАТО…  Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжат со своето деструктивно однесување и по секоја цена ја блокираат иднината, тогаш следуваат предвремени парламентарни избори веднаш на кои граѓаните ќе одлучуваат за својата иднина. На тие избори, граѓаните ќе гласаат за ЕУ и НАТО и ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство“, се вели во соопштението на СДСМ.

ВМРО смета дека ваквото однесување на власта е израз на страв, од никој друг туку Христијан Мицкоски. И така исплашена, таа власт во рацете на Зоран Заев, мора да сфати дека е готово. Граѓаните во дискурсот на ВМРО се одлучиле за поинаква Македонија од тие, граѓаните на СДСМ.

„Заев треба да ги остави партиските интереси на страна и да го слушне гласот на  народот. Заев не треба да бара виновници за неуспешниот референдум во никој друг освен во себе самиот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Останатите политички партии во зависност со кого се во коалиција влечат или кон едните или кон другите, секогаш во, за и граѓаните.

Затоа што граѓаните знаат. ВМРО-ДПМНЕ смета дека знаат за криминалите на СДСМ и обратно, СДСМ смета дека граѓаните знаат за криминалите и деструктивноста на ВМРО –ДПМНЕ. Останатите партии тежат да ги убедат граѓаните дека и нивниот збор има вредност.

А тука се и граѓаните од дијаспората, кои носталгично ја бранат Македонија од внатрешните предавници, СДСМ сите приврзаници. Како граѓани што искусиле демократија во белиот свет децидно велат: „Повикот на Премиерот за помирување е закана за демократијата“.

За појаснување, се работи за истите граѓани, државјани на Република Македонија што оставиле на народните избраници да ја кројат судбината на државата. Во нивно име.

Б. Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕграѓаниДоговор од ПреспаСДСМ
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result