ВЕСТ НА ДЕНОТ
Експлозии во Кијив, Русија во одмазднички напад врз цивилни цели
Во понеделникот, на 10 октомври, одекнаа неколку експлозии во областа Шевченковски во центарот на Кијив, пренесува Укринформ.
„Неколку експлозии во областа Шевченковски – центарот на главниот град. Сите служби упатуваат на местото на настанот. Деталите ќе бидат информирани подоцна“, објави градоначалникот на Киjiв Виталиј Кличко на Телеграм.
Експлозии во Кијив, Русија во одмазднички напад врз цивилни цели
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ивановска: Нема основа за покренување постапка против Ковачевски за „Броило“
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Украинската амбасадорка Лариса Дир, со реакција на најновите руските напади во Кијив и други Украински градови, на социјалните мрежи ги повикува сојузниците да и дадат повеќе оружје на Украина.
Единствената тактика на Путин е терор врз мирните украински градови, но тој нема да ја разбие Украина, напиша украинскиот министер за надворешни работи на Твитер Дмитро Кулеба.
СВЕТ
Наглиот скок на цената на нафтата е последица на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, од ноември да го намалат дневното производство за два милиони барели.
Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти
РЕГИОН
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е оптимист за постигнување правно обврзувачки договор со Србија, односно се надева дека тој ќе биде постигнат во следните неколку месеци.
Илјадници поддржувачи на опозицијата во српскиот ентитет Босна и Херцеговина се вратија на улиците за да протестираат против резултатите од неодамнешните претседателски избори, обвинувајќи за измама и барајќи повторно пребројување на гласовите.
Илјадници граѓани во Република Српска протестираат против измама на претседателските избори
ФЛЕШ ВЕСТИ
ГОВОР НА ОМРАЗА Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), реагира на непримерната јавна комуникација проследена со груби навреди и закани кон новинари објавени на фејсбук профилот именуван како Божидар Божиновски. Лицето Божиновски во изминатите денови, преку социјалната мрежа Фејсбук, во еден од постовите, на споменатиот профил , објавува лична фотографија од новинарот Борјан Јовановски.
МЕРКИ: Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека таму каде што има плати далеку над просекот треба да се намалат, како еден од начините за намалување на трошоците, согласно со Планот за фискална одржливост што го усвои вчера Владата за буџетските корисници.
Ковачевски: Во услови на криза, платите што се далеку над просекот треба да се намалат
СКРИНИНГ: Слободното движење на стоки претставува една од 4-те основни слободи врз кои е изграден и функционира единствениот пазар на Европската Унија. Законодавството и институционалната имплементација на слободното движење на стоки претставуваат основа на економскиот развој.
Денес на агендата на Скринингот, Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки
АНАЛИЗИ
И по изборен циклус тешко е да се види светло во политичкиот тунел во кој е влезена оваа земја членка на ЕУ. „Партиите само се преправаат дека се обидуваат да формираат влада. Тешката работа во оваа тешка зима со задоволство би му ја препуштиле на претседателот Румен Радев“, коментира политикологот Парван Симеонов од социолошката агенција Галуп интернешнал Балкан. „Ова е чекор кон слабеење на демократските институции во Бугарија, кои онака не се многу силни“, додаде Симеонов, анализира Борјан Јовановски во текстот „Сè уште не се гледа светло во политичкиот тунел на Бугарија“
СЛОБОДНА ЗОНА
Украинците покажаа невидена храброст и пожртвуваност, а Русите покажаа невидена крволочност, садизам и разбојништво. Освен тоа, руската воена машинерија покажа зачудувачки слабости и низок воен морал и недисциплина. Пропагандната машинерија покажа повеќе успех, благодарение на инсталациите што ги има низ цела Европа. Делумното онеспособување на мега-мостот што го поврзува Крим со Краснодар, ден по седумдесеттиот роденден на Путин, беше уште една силна шлаканица за Русија. И повторно како во детска игра, но со крвави последици во чудовишни размери, Путин и неговата злосторничка братија, заробените институции, пропагандната машинерија и политичките структури (партнери во одржувањето на крвавиот режим) прогласуваат недопирливост, пишува Џабир Дерала во колумната „Злокобниот инфантилизам на воениот злосторник и неговата братија“.
Злокобниот инфантилизам на воениот злосторник и неговата братија
Кога се обидувам да ја претставам сегашноста во мојот провинциски живот и перспективите на лидершипот на локално ниво, сакал не сакал ми се враќаат споредбите со чевлите, дебелите волнени чорапи и лошото движење со носењето на обувки со еден или два броја поголеми од габаритот и природата на ногата на која се обуваат, пишува Војо Маневски, во текстот под наслов „Преголеми чевли“.
.
Д. Варошлија












