Од почетокот на војната во Украина, во руските напади, кои таргетираат и цивилни објекти, постојано е гинат голем број на луѓе, а бројот на загинати или повредени деца од ден на ден сè повеќе расне.
„До 29 јули 2022 година, од почетокот на руската инвазија на Украина, 358 деца загинаа, а повеќе од 693 деца се повредени. Поради активните воени дејствија во погодените региони, нема можност да се увидат областите на гранатирање и уништување. Во моментов се утврдуваат вистинските податоци за загинатите и повредените деца во овие региони“, соопштуваат од Врховната Рада на Украина и надлежните министерства.