„За да влеземе во ЕУ ние прво треба да имаме услови. Да погледнеме прво кај нас, во Македонија, дали ги имаме тие услови и дали ги исполнуваме, како граѓанските права, вработувањето…“, вели еден граѓанин од Шуто Оризари.
Тој вели дека и тој и неговиот татко добивале социјална помош и се прашува до кога луѓето ќе бидат социјални случаи. Според него прво треба да се гледа интересот на граѓаните, и дека секојдневно гледа како граѓани бараат парче леб.
„Комуналната хигиена, здравството и други работи не се завршени во оваа држава. Сите сакаме да биде добро“, вели тој.
Диана Тахири
Обработка на текст: Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов