• Latest

До крајот на идната недела се очекуваат резултати од анализата на материјата излеана во Дебарско Езеро

April 2, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

До крајот на идната недела се очекуваат резултати од анализата на материјата излеана во Дебарско Езеро

April 2, 2021 13:45
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Резултати од инспекцијата за излеаната темна материја во Дебарското Езеро би требало да има до крајот на наредната недела, по што ќе следува кривична постапка од Обвинителството и надлежниот Суд. Има индиции дека се работи за мазут, а кога тоа ќе биде потврдено ќе биде откриен и виновникот, рече на прес-конференција Ана Петровска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Таа очекува дека до наредниот четврток ќе ги имаат резултатите од анализата на земените примероци затоа што акредитираната лабораторија каде што таа се прави ќе продолжи да работи од понеделник, бидејќи повеќе вработени сега се во самоизолација.

Овој предмет ДИЖС и МВР, односно крим-техника од Дебар, минатата недела му го доставиле на Јавното обвинителство кое ќе постапува откако ќе бидат готови резултатите.

– Мострите беа земени од самото езеро и понатаму по каналот од каде што е излеана материјата возводно по шахтите и стигнато е до шахтата од каде што е направено излевањето. Значи, ние имаме веќе потенцијални виновници коишто испуштаат на таа шахта. Меѓутоа, треба да направиме поврзување на таа леплива црна материја со материјалите што ги користат тие загадувачи, за да докажеме дека материјата е мазут односно да кажеме дека мазутот го испуштил тој и тој. Натаму целиме, рече Петровска.

Доколку резултатите од анализата утврдат дека се работи за мазут, како што се сомневаат, со тоа практично, посочи Петровска, наредната недела ќе се знае и виновникот кој потоа ќе треба да направи санација на земјиштето и, веројатно, ќе се соочи со кривична пријава. Јавен обвинител ќе ангажира и вештак за животна средина за да утврди каква е штетата и кои мерки за рекултивација и санација треба да бидат преземени.

Во врска со нивото на водата во Дебарското Езеро, директорката на ДИЖС соопшти дека на барање на министерот за животна средина Насер Нуредини завчера извршиле надзор и утврдиле дека котата до која е спуштено езерото е на 2 метра и 64 см над минимално утврдената со дозволата.

– Има интересна ситуација – дозволата што е издадена од МЖСПП овозможува опсег на работа на хидроцентралата од 560 до 580 метри надморска висина, значи цели 20 метри варијација. Дали е истражено претходно дали со 560 метри надморска висина може да има еколошка штета или е само доделена дозвола на барање на ЕСМ, тоа не можам да го тврдам. Можеби е направено, можеби не. Но ние како инспекциски органи утврдивме дека, сепак, котата до која е спуштено езерото е на 2 метра и 64 сантиметри над минимално утврдената кота со дозволата. Мислам дека без оглед на тоа што тие се уште ги почитуваат одредбите на дозволата, исто како што Владата  направи минатиот пат, тие можат сега да го забранат производството, рече Петровска.

На барање од АД „Водостопанство“, ДИЖС в понеделник ќе изврши надзор и на Тиквешко Езеро, бидејќи во Тиквешијата сега почнува вегетацискиот период, а со оглед дека земјоделството таму, рече, е многу важна гранка, зафатот на вода за наводнување е многу повисок од котата на езерото.

– Мислам дека ќе се соочиме со голем проблем при наводнување доколку нешто драстично не се смени. А ние сме ограничени да постапиме во тој дел – ако дозволата рекла дека тоа е дозволена кота, ние немаме можности да постапиме поинаку. Некој друг надлежен орган понатаму тоа ќе треба да го истражи и санкционира, додаде директорката на ДИЖС.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ