• Latest

„Доба на митарење“ најдобар краток расказ на петтиот конкурс „Бибер“

November 16, 2022
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Доба на митарење“ најдобар краток расказ на петтиот конкурс „Бибер“

November 16, 2022 10:29
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Жирито на регионалниот конкурс за краток расказ „Бибер“, во состав Калина Малеска, Лејла Каламујиќ и Оља Савичевиќ Иванчевиќ, донесе одлука за наградите и избра 25 раскази кои ќе бидат објавени во повеќејазичниот зборник.

„Бибер“ е конкурс за краток, ангажиран расказ на албански, македонски, босански, хрватски, српски и црногорски јазик. Петтиот конкурс „Бибер“ беше отворен од 10.12.2021 до 1.6.2022. На конкурсот стигнаа вкупно 473 дела (387 на БХСЦ јазик, 69 на македонски и 17 на албански јазик). Темата на конкурсот е помирување во контекст на заоставштината на војните и насилството во земјите на поранешна Југославија, а доаѓаат предвид и раскази кои можат да придонесат за подобро разбирање меѓу луѓето, намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се занимаваат со соочување со минатото, разградување на сликата за непријателите, сочувство за другите, храбри раскази кои се осмелуваат да одат во чевлите на „непријателот“, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат патишта да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите. Конкурсот го организира тимот „Бибер“ на Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград.

По извршената претселекција, жирито едногласно одлучи првите три награди да им се доделат на следните раскази „Доба на митарење“, на авторката Ана Кутлеша, прва награда, „Фертик“, на авторката Лидија Дедуш, втора награда и трета награда за „Земја на среќата“, на авторот Анте Сториќ и „Зборови“ на авторот Милош Перишиќ.

Годинашниот избор на раскази тематски се движи од отворено соочување со болното минато (често прикажано од перспектива на децата и младите, што е очекувано со оглед на генерациската припадност на авторките и авторите) до некои нови предизвици кои ги носи современоста. Позитивен впечаток ни остави храброста искажана во голем број раскази – обидот „да се оди во туѓи чевли“; пишувањето од перспектива на „онаа друга страна“, било таа перспектива да припаѓа на друг род, светоглед, националност или генерација.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ