• Latest

Добро пакување на старите болести

April 8, 2019
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Добро пакување на старите болести

April 8, 2019 10:51
in ИЗБОРИ, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На крајот на првата недела од кампањата на претседателските избори, слушам и читам оценки дека претседателската кампања е бледа, како да ја нема. Иако од некои агли тоа изгледа навистина така, таа оценка не е сосема точна. Сметам дека напротив, се наоѓаме среде една супер динамична, скапа и комплексна политичка и социјална операција. И исто толку валкана, што се однесува до говорот на омразата. Тоа што се гледа на самата површина е делумно забавно и поради зачестените гафови, а изгледа здодевно затоа што буквално секој чекор на кандидатите го гледаме во живо, на Фејсбук.

Џабир Дерала

Изборните набљудувачи на една од обуките ме прашаа дали имаат обврска, како и порано, да присуствуваат на митинзите. Нема потреба, одговорив, освен ако немаме индикации дека нешто посебно ќе се случи на тие настани. Сѐ е на Фејсбук, и тоа што треба и тоа што не треба. Процесот е високо технолошки, сѐ што нѐ интересира за изборите е буквално на нашите дланки (на дисплејот од нашите мобилни телефони), иако вниманието е опаднато поради сите околности што го придружуваат овој процес.

Ако ги погледнеме агендите на кандидатите и на партиите, ќе видиме дека тие немаат ни еден слободен миг. Но, презаситеноста со информации, со изобилство од видео материјали и репетитивноста, предизвикаа еден вид слепило кај публиката. Од друга страна, дел од кампањите се прилично современи, одлично дизајнирани јавни настапи, карактеристични за развиениот Запад. Други, пак, исполнети се со омраза, придружени со вообичаениот балкански националистички фолклор.

Сите заедно, прават грешки што се комични, некои ќе речат, невообичаено чести. Сепак, забораваат дека тоа отсекогаш било така, со таа разлика што сега се само приближени до нас, можеме да ги враќаме назад снимките и да ги ловиме полесно, а не дека се почести. Во урнебесен трк од едно до друго населено место, нормално е да правите грешки и да проголтате некоја буква, слог или збор. Или погрешно да се изразите. ОК, не е баш нормално цело време да се биде изгубен во времето и просторот, во семејните релации и определбите, но да не навлегувам во тоа, да не ги чепкам троловите дополнително, и онака имаат полни раце работа.

Оваа претседателска кампања ќе биде запаметена по многу нешта. Дозволете да набројам еден дел од нив. Говорот на омразата, спиновите и лажните вести се главното оружје на дел од политичките формации што се борат за претседателската фотелја, како да не е за еден човек, туку е колективна клацкалка. И повторно, тука главни ороводци се куририте, оние што останаа доследни бранители на режимот и оние што божем ја сменија страната, ама ја користат секоја можност да се придружат на хистеријата. Забележлива е дрската и бесрамната кражба на идеи, пораки и политичко наследство. Повторно се во судир про-Запад и про-Исток.

Сведочиме на противзаконска и груба злоупотреба на деца и малолетници за политички и изборни цели. Не беше тешко да се утврди флагрантно кршење на Изборниот законик и во поглед на предвремено започнатата кампања. Уште сега се очигледни најавите за кршење на изборниот молк. Анти-мигрантската хистерија повторно, како и за време на локалните избори и референдумот се злоупотребува за да се дисквалификува противникот. Како и повеќето изборни процеси во изминатите десетина години, и на овие избори, иако се претседателски, кампањата се води како да се работи за парламентарни, а на моменти, изгледа како да се локални избори.

Тоа што не се гледа во моментов, а секако е извесно и знаеме дека е во тек, се оперативните подготовки за целата палета изборни нерегуларности, почнувајќи од најстрашната – купувањето гласови. Понатаму, иако институциите нѐ уверуваат во спротивното, Избирачкиот список ќе ги покаже сите свои вообичаено слаби страни на денот на гласањето. Би сакал да не сум во право, барем овој пат. Исто така, опструкциите на системот, заканите и уцените, како и тивкиот и отворениот бојкот се опции што се подготвени и само треба да се даде сигнал тие да се активираат.

Има и неколку убави вести. Добивме антикорупциска комисија што ја знае работата и решена е да ја заврши најдобро можно. Најновиот состав на Државната изборна комисија, се чини, е најкооперативен и најтранспарентен досега, иако е составен од партиски претставници. Да видиме дали овие манири ќе ги задржат до крај или ќе победат притисоците од партиските врвови. Гледаме технолошко-комуникациски скок во кампањите што е интересно за следење, иако, за жал, некои го злоупотребуваат за да сеат омраза и страв меѓу граѓанките и граѓаните.

Сѐ заедно, добро пакување на старите болести на системот. Кампањата продолжува. Остануваат уште две недели до првиот круг.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share23TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ