• Latest

Додека чаушите лежат меѓу облаците

November 16, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Додека чаушите лежат меѓу облаците

November 16, 2018 09:56
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Унгарската амбасада молчи за бегството на осуденикот и барател на политички азил, лицето НГ. Никој не крева слушалка таму. Прашањата се лесни. Како унгарската влада му помогна на НГ и што е нивниот план? Дали се свесни за своите постапки? Во Делегацијата на ЕУ нема кој да даде одговор на прашањето што ќе преземе администрацијата на Брисел во врска со последниот потег на прорускиот одметник Орбан.

Џабир Дерала

Четнички бајонети за братот Никола

Шешељ се пофали во ТВ емисија дека „четничките бајонети го обезбедуваа братот Никола до границата со братска Унгарија“. Српските власти не ја потврдија, ниту ја одрекоа изјавата на овој воен злосторник и политички кловн. Албанските власти „се пофалија“ дека НГ поминал низ нивна територија, но дека во тоа време немало меѓународна потерница по него. Добра поента.

На наш терен – владата вели дека не е одговорна за овој скандал со невидени размери и последици. Од премиерот слушнавме „остро отфрлање“ на одговорноста на институциите и на шпекулациите дека постои договор. А потоа, Владата објави дека внатрешната контрола на МВР води истрага за вмешаноста на полицијата. И толку. И малите деца знаат дека тоа не е доволно.

Сите мислат дека молкот и негирањето на одговорноста се доволни. Секојдневно ги гледаме и слушаме нивните изјави, ги следиме нивните кампањи за ова или за она. ЕУ водеше цела една кампања за поддршка на референдумското ЗА во септември, во земја што не започнала ни преговори со неа, а сега молчи.

Опасна инерција

Владата сѐ уште не го протерала унгарскиот амбасадор, а не слушнавме ни дека се подготвува некоја дипломатска протестна нота. Нема протестна или било каква нота ни до сите останати што имаат дел од одговорноста. Нема барање на одговор и одговорност за „четничките бајонети“ или за пасивноста, затскриена зад бирократија, за отсуството на комуникација меѓу службите како што е ред меѓу соседите што негуваат добри односи. Или добрите односи се однесуваат само на луксузни ручеци и вечери?

Немам разбирање за бирократијата, а уште помалку имам разбирање за криењето зад изговорите што се наоѓаат во правните списи. Криењето зад правото не е владеење на правото, туку негово уништување и оддалечување од правдата. Целиот систем е сѐ уште на смртна постела од претходното разорување и од скандалите на сегашното владеење по инерција. Опасна инерција.

Двоен живот

Сево ова ми кажува нешто уште позагрижувачки. Како да не е доволно загрижувачки што бегството на НГ беше толку мазно и допрва ќе го јадеме стапот поради инерцијата и ароганцијата. А тоа е дека немаме вистинска јавност, немаме вистинско општество, иако тоа изгледаше сосема поинаку само до неодамна.

Соопштенијата на загрижените и засегнатите организации и колумните на тие што сакаат да дадат придонес кон јавниот дијалог станаа само едни обични, забавни четива. Како да живееме некој двоен живот. Во медиумите кажуваме умни или глупави работи, поддржуваме или критикуваме, но тоа не допира до вистинскиот живот. Некој напишал нешто? Аха, ќе го прочитаме или прелетаме преку редовите, ќе климнеме со глава или ќе одмавнеме и – продолжуваме со мачното секојдневие.

Колумните се само животинки во паланечка циркуска арена, со живот од само неколку минути до неколку часа. Истрчуваат во правливата арена, креваат прашина и врева некое (кратко) време и умираат, сами од себе, додека публиката грицка семки незаинтересирано. А чаушите лежат на оптегнатите мрежи меѓу облаците.

Баба ми Ана знаеше да каже: „Nisan se ja za ovo borila“.

 

 


илустрација: Jean-Honoré Fragonard – „The Bathers“

ЗАБРАНЕТО И ЗА ДЕЛУМНО ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share45TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ