Во интервју за балканскиот огранок на руската пропагандна телевизија Russia Today (RT Balkan), чие седиште е во Белград, Додик, изразувајќи ја, по којзнае кој пат, својата слепа лојалност кон Владимир Путин, ја искористи можноста да го отвори прашањето за границите на европско тло и повторно ја промовира својата стара идеја за одвојување на РС од БиХ и обединување со Србија.
Хрватскиот N1info.hr пренесе дека тој за РТ Балкан изјавил зборувал за постојните граници. Според него, границите не се „света крава“, па се осврна на начинот на кој се признава независноста на сегашните држави создадени на територијата на поранешна Југославија.
„Ако Американците велат дека во случајот на Словенците и Хрватите не се работи за сецесија, туку реален факт на теренот, зарем РС не беше вистински факт на теренот? Зошто нѐ вративте на таа глупост наречена БиХ? Ако можат Гренланд и Канада, ако можат Источна и Западна Германија, зошто РС не може сега да ѝ се придружи на Србија“, изјави Додик, додавајќи дека Русија има право и на Украина.