• Latest

Признанија за најуспешните граѓански новинари

March 31, 2017
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Признанија за најуспешните граѓански новинари

March 31, 2017 20:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги додели наградите за фебруари и март, на најуспешните новинарки и новинари од вториот циклус на проектот „Граѓански објектив“, за сториите што зборуваа за изборен поткуп, за неисполнети предизборни ветувања, за иселување на младите, за злоупотреба на малолетниците за политички цели и за ширење на пропаганда.

Сведоштво за поткуп на гласачи, е првонаградена сторија за изборен поткуп од денот на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември 2016 година.

Граѓанскиот новинар сакаше да остане анонимен со оглед на сензитивноста на видео сведоштвото. Поради верификацијата на информациите што содржеа и имиња на луѓе кои се инволвирани во поткупот на гласачи, оваа сторија е објавена по три месеци од завршувањето на изборите.

Второнаградениот видео прилог Ѓуроски: Градот на државни прваци во пливање, без градски базен, заеднички го подготвија Горан Карафилоски и Амдија Емини од Кичево и Емин Рустемовски и Елзана Кадриеска од Струга.

Постмодерна варијанта на „Парите се отепувачка“, прилог што го подготвија Ана Ѓеорѓиева од Валандово и Леонид Баламов и Симеон Томов од Гевгелија, беше третонаградената сторија од  жири-комисијата, на тема – иселувањето на младите од земјата.

Ана Ѓеорѓиева од Валандово и Симеон Томов од Гевгелија, добитници на третата награда

Националистичка пропаганда на радио емисија пуштена во градски автобус на ЈСП е тема на видео прилогот што го испрати граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен.

ЈСП бесплатно ја вози пропагандата на ВМРО – ДПМНЕ!, како четвртонаграден прилог, укажува дека возачите на ЈСП со пуштање на вакви националистички, пропагандни емисии, како што оценуваат граѓанките и граѓаните, се директни поттикнувачи на меѓуетнички инциденти меѓу младите во автобусите.

Втората четврта награда жири комисијата ја додели на фото сторијата Политичка мобилизација на малолетници среде настава, а добитникот, исто така, сакаше да остане  анонимен.

Фотографијата што ни ја испрати, всушност, е соопштението кое средношколците го читале на часовите, како мотивација за приклучување на протестите „За заедничка Македонија“.

Тие што имаат снимка, фотографија или сторија за изборните нерегуларности, за кршењето на гласачкото право, за злоупотребите, притисоците и заканите, за поткупот на гласачите можат да бидат дел од големото семејство граѓански новинарки и новинари кои соработуваат со ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ги охрабрува граѓанките и граѓаните да бидат активни чинители во општествените промени и надминувањето на медиумскиот мрак.

 

Tags: граѓански новинариГраѓански објективнаградинајуспешни стории
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ