• Latest
Фото: Скриншот

ДОГОВОР ИЛИ ПРЕГОВОРИ?

February 18, 2025

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ДОГОВОР ИЛИ ПРЕГОВОРИ?

На Трамп му се брза и многу му е потребна победа за да го зголеми своето влијание во внатрешната политика на САД, каде што се зголемува бранот на отворен и прикриен отпор кон неговата конзервативна револуција. Путин, напротив, ќе го забави преговарачкиот процес, повлекувајќи го по лажни патеки и ќорсокак.

February 18, 2025 14:39
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНТЕКСТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ВИКТОР НЕБОЖЕНКО

На Трамп му се брза и многу му е потребна победа за да го зголеми своето влијание во внатрешната политика на САД, каде што се зголемува бранот на отворен и прикриен отпор кон неговата конзервативна револуција. Путин, напротив, ќе го забави преговарачкиот процес, повлекувајќи го по лажни патеки и ќорсокак.

Путин се уште се надева на голем успех во војната со Украина и верува во чудото на победата. Но, веќе му е непријатно со Кина, Северна Кореја и Иран. Заглавувајќи во Украина, тој им создава големи проблеми на своите сојузници кои, како него, беа уверени во неговата брза победа над Украина. А сега Путин и да сака, не знае како да излезе од Украина, како да ја заврши војната без да ја изгуби власта во Москва. Војната владее со моќта и економијата во Русија.

Веројатно нема да има брз и успешен договор, како што бара Трамп, бидејќи за Путин е опасно и непрофитабилно да ја заврши војната нагло и да го ризикува сојузот со Кина, на што сметаат САД.

Продолжениот преговарачки процес ќе биде проследен со блефови, изливи на агресија и провокации на Кремљ против Украина и нејзините сојузници во Европа.

На Кина, исто така, многу не и се допаѓа што преговарачкиот процес се одвива без нејзино учество. Со право се плаши дека Москва би можела да го предаде Пекинг заради отстапките на САД во Украина, кои Путин ќе ги пренесе на 9 мај како негова победа во војната.

Значи, ако Трамп не успее да постигне договор со Путин за кратко време на сметка на Европа и Украина, Пекинг ќе има време да се вклучи во преговарачкиот процес. Особено што Трамп брза и се обидува тивко да ја одвои Белорусија од Русија и Кина, заедно со преговорите за прекин на огнот во Украина.

Ако Трамп има среќа да ги натера Украина и Русија да направат отстапки, брзата победа во преговорите (договорот) нема да доведе до траен мир и прекинот на огнот ќе биде кревок и лажен, бидејќи како резултат на „еднократниот компромис“ ќе загубат сите освен Трамп. Америка на Трамп ќе го преземе водството во извозот на меѓународен хаос од Путинова Русија.

И тогаш сè ќе треба да почне одново за да се најде мировен договор во Украина, но веќе земајќи ги предвид интересите на Кина, САД, Европа и Русија“.


Текстот е личен став на авторот. Презмено од Meanwhile in Ukraine.

Виктор Небоженко e украински политиколог, социолог, кандидат за филозофски науки, директор на социолошката служба „Украински барометар“

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Виктор НебоженкоВладимир ПутинВојна во УкраинаДоналд Трамппреговарачки процес
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result