• Latest

Договорот за добрососедство ја зголеми трговијата меѓу Македонија и Бугарија

February 1, 2018

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Договорот за добрососедство ја зголеми трговијата меѓу Македонија и Бугарија

February 1, 2018 09:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Трговијата меѓу Бугарија и Македонија  бележи раст од близу 11 проценти во 2017 година. Притоа, извозот од Бугарија се зголемил за три проценти. 

Како причина за тоа економскиот аналитичар Љубомир Левичаров го посочува потпишаниот договор за добрососедство меѓу двете држави, пренесува бугарската Тв Европа.

Според експертите, интересот за патувања за бизнис во Македонија се зголемил двојно во однос на минатата година.

– Според минатогодишните истражувања интересот за бизнис релации и бизнис патувања  е зголемен двојно. Тоа може да се должи на договорот за пријателство, соработка и добрососедство од крајот на минатата година, вели Левичаров.

Според податоците на експертите, бугарските компании во првите девет месеци од минатата година извезле стоки во вредност од 300 милиони евра на македонскиот пазар, од каде пак увозот изнесува 234 милиони евра.

Статистичките податроци покажуваат дека, најголем дел од стоките кои Бугарија ги извезува во Македонија се од електроенергетската област,  а најмногу се увезува бакарна руда.

– Има доста бугарски инвестици во Македонија, како што е случајот со банкарскиот и осигурителниот сектор. Општо земено од Бугарија извезуваме енергија, нафтени масла, како и сончогледово  и памучно масло. Увозот на стоки од Македонија е во бакарни руди,  односно оловоцинкови руди, наведува Левичаров.

Економските аналитичари се категорични дека сегашните тенденции и зголемувањето на стоковата размена меѓу Бугарија и Македонија ќе продолжат во наредните години.

Во 2016 година, размената меѓу двете соседни држави изнесуваше 639 милиони евра, кога имаше зголемување на извозот од Бугарија во Македонија за 2,1 проценти, а намалување на увозот за 5,5 проценти. Приближен износ од 649 милиони евра во размената е евидентиран и во 2015 година.

Инвестиците од Бугарија во Македонија се претежно во банкарскиот и осигурителниот сектор, металургијата, прехранбената дејност, геолошки истражувања, информатичко комуниукациски технологии, телекомуникации и хотелиерство.

Премиерите на Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август лани го потпишаа Договорот за добрососедство, кој на  23 ноември  истата година резултираше со девет спогодби за соработка во повеќе области, како што се инвестиции, енергетика, туризам, инфраструктура, телекомуникации, одбрана.

[divide]

Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријадобрососедствоМакедонијатрговија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ