Докторот Арбен Аголи кој е позитивен на коронавирус, раскажа за ТВ21 како се заразил и каква била неговата реакција кога ги добил резултатите. Аголи по професија е педијатар, а се заразил од пациенти кои дошле на контрола кај него. Брачна двојка која го донела своето дете на Клиниката, подоцна се покажала позитивна на вирусот, по што се заразил целиот медицински кадар во неговата приватна клиника.
„Многу спортски ја примив оваа вест. Знам дека сме лекари на првиот фронт од задачата и секој ден се соочуваме со разни ситуации, не само со вирусите, ние работиме и со други заразни болести, со кожни болести, имаме деца со туберкулоза. Значи на некој начин ние постојано сме под ризик да се заразиме“, вели Арбен Аголи.
Аголи исто така рече дека и покрај тоа што користат маски и ракавици, сепак резултатите биле позитивни.