• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Долгот на Унгарија кон Кина вртоглаво расне, во должничката спирала вклучена и Северна Македонија

August 26, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Долгот на Унгарија кон Кина вртоглаво расне, во должничката спирала вклучена и Северна Македонија

August 26, 2024 15:33
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Најголемиот заемодавач на Северна Македонија, орбановата Унгарија, која ја „почести“ новата Влада со околу 500.000.000 евра заем под, како што велат од владата, многу поволни услови, самата се соочува со вртоглав пораст на надворешниот долг, од кој најголем дел отпаѓа на Кина.

Унгарската агенција за управување со долгот во јули откри дека Владата на Орбан обезбедила заем поголем од една милијарда евра од кинеските банки претходно оваа година. Претходно, Унгарија доби заем од 917 милиони американски долари од Пекинг за изградба на брза железница врска меѓу Будимпешта и Белград, клучна компонента на глобалната иницијатива „Појас и пат“ на претседателот Кси Џинпинг, проект кој се соочи со одложувања и доцни.

Буџетскиот дефицит на Унгарија сега достигна 4,5 отсто од БДП, надминувајќи ја границата од 3 отсто на Европската унија, пишува Фрстпост. Како одговор на загриженоста за придржувањето на земјата до стандардите на ЕУ, Брисел замрзна приближно 20 милијарди евра од фондовите на ЕУ по што , во јуни, Европската комисија го отвори патот за „процедура за прекумерен дефицит“ против Унгарија и шест други земји.

Претходно оваа година, владата на Орбан мораше да прогласи одложување на значајните јавни инвестиции поради слабиот економски раст и суспендираните фондови на ЕУ.

Во финансиската структура на унгарскиот долг најголем дел отпаѓа на заеми и инвестиции од Кина. Покрај овие заеми, Унгарија има и девизни обврзници во вредност од 3 милијарди CNY кои доспеваат за отплата на кинеските инвеститори оваа и следната година, што е еднакво на околу 380 милиони евра според сегашните девизни курсеви. Вкупната проценка е дека долгот на Унгарија кон Кина сега надминува 2,536 милијарди евра, иако експертите предупредуваат дека може да биде уште поголем.

Но, ако ја погледнеме другата страна на медаљата, Унгарија покрај финансиските, ги продлабочува и стратешките врски со Кина,  поради што расне загриженоста на ЕУ

Додека Европската унија ја гледа надворешната економска политика на Кина како сè попредизвикувачки, унгарската влада се чини дека не е вознемирена од растечката ранливост кон Кина. Всушност, администрацијата на премиерот Орбан постојано го олеснува присуството на Кина во Унгарија, почнувајќи со заедничкиот унгарско-кинески проект за железничката линија Будимпешта-Белград.

Дополнително, Унгарија се отвори за кинеските инвеститори со издавање државни обврзници деноминирани во јуани, додека раснеа кинеските инвестиции, особено во индустријата за батерии, што кулминираше со распоредувањето на кинески полицајци во Будимпешта и прифаќањето на големиот кинески заем. Владата долго време ги чуваше деталите за овој заем во тајност.

За време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија во мај, лидерите на двете земји потпишаа 18 договори за заеднички инвестиции како дел од стратешкото партнерство. Меѓу овие договори, тие планираа да ја прошират унгарско-кинеската соработка низ целиот спектар на нуклеарна индустрија, да започнат подготовки за изградба на железнички прстен околу Будимпешта и да започнат работа на проект за брза железница што ќе го поврзува центарот на Будимпешта со аеродромот Ферихеги.

Дополнително, тие работат на заеднички развој на мрежа за полнење електрични автомобили, започнувајќи со изградба на „најмодерниот, најголемиот, најбезбедниот и најбрзиот транзитен“ граничен премин во Европа меѓу Унгарија и Србија и ја истражуваат можноста за нафтовод меѓу Унгарија и Србија, што покрај кинеското и унгарскотео,  ќе вклучува и српско учество. Самата Србија, како што пишуваше ЦивилМедиа, досега соработката со Кина ја чини зголемување на должничкото „ропство“ од 300 милиони на 3,7 милијарди евра, или дури 12 пати , додека кинеските инвестиции кои го преплавија истокот на Србија покажаа дека Пекинг не се грижи за правата на работниците и заштитата на животната средина.

Додека владата тврди дека партнерството со Кина е корисно, опозициските партии го критикуваа недостатокот на транспарентност и наводната корупција, тврдејќи дека проектите првенствено имаат корист за „најтесниот круг на Орбан“.

Премиерот Виктор Орбан води надворешна политика на „источно отворање“ од неговото враќање на власт во 2010 година, поттикнувајќи поблиски економски врски со Кина, Русија и другите азиски нации. Но, она што нас треба да не загрижува, е што спиралата на должничко-доверителските односи на орбановата Унгарија со Кина, преку заемот од 500.000.000 евра сега стигна и до Северна Македонија.

Драган Мишев

Tags: должничко-доверителски односизаемКинаСеверна МакедонијаУнгарија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ