• Latest

Копирајќи го Вучиќ, дали Мицкоски ја врти Македонија кон Кина

May 10, 2024
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Копирајќи го Вучиќ, дали Мицкоски ја врти Македонија кон Кина

May 10, 2024 13:20
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Идниот премиер на Северна Македонија при гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, најави дека, веднаш по формирањето на новата влада, државата ќе се задолжи една милијарда евра, заем од друга држава, и тоа не од меѓународни финансиски институции, туку на ниво на соработка влада со влада.

Новинарот не (се осмели да) го праша ниту за која влада се работи, ниту кога и од која позиција го договарал задолжувањето, што јасно ја покажува идната сервилна поставеност на оваа телевизија, кон работата на идната Влада, пример кој е за очекување дека ќе го следат и другите телевизии со национална концесија, веќе видено во некои не толку далечни времиња, за кои се надевавме дека ги оставивме зад нас).

Сепак, може да се насети дека, најверојатно се работи за кинески кредити. Според познавачите, во моментов Кина е можеби единствената земја која може да си дозволи издвојување на толкава сума пари за директно кредитирање во странство.

Мицкоски нагласи дека станува збор за кредит од друга држава под многу поволни околности.

„Можам да најавам еден финансиски пакет, соработка влада со влада, во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека станува збор за кредит од друга држава, но не откри други детали.

Ова претставува опасност од воспоставување на финансиско ропство на државата. Имено, на ваков начин Кина ги колонизира сиромашните африкански земји, а во една таква финансиско-должничка спирала се фати и една соседна држава, чиј претседател се чини дека претставува рол-модел за владеење на идниот македонски премиер, по што може уште отсега да се насети во кој правец ќе се движи државата под водство на премиерот во најава.

Од друга страна, искуството од минатото со кинеските кредити (инвестиции) во земјава не побудува позитивни емоции, земајќи го предвид активностите на предходната владејачка гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ во таа насока, подложно на коруптивни дејствија по принципот „5 посто од жутите, да не се претерме“, како и подготвеноста на Кина за давање мито секогаш кога треба да ги спроведе своите интереси во деловите од светот опфатени во нејзината сфера на влијание.

Со една милијарда заем, тој не потсетува на уште една епизода од периодот на владеење на претходната владејачка номенклатура на ВМРО – ДПМНЕ, кога во соработка со тогашниот коелиционен партнер „Демократска алтернатива“, во Македонија ќе „лебдат“ (според изјавата на Ѕинго постариот) една милијарда евра тајвански пари, нешто што ќе ги поттикне несреќните настани кои ќе следат во Македонија, откако Кина поради ова ќе стави вето на мисијата на ОН во земјава, по што следеше воениот конфликт 2001 година.

Дополнително, ваквата најава, која доаѓа веднаш по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори, е во спротивност токму на еден од клучните аргументи на ВМРО-ДПМНЕ на жестоките напади врз владата за спроведување на лошите економски политики и презадолжувањето на државата.

И како (или зошто) идниот премиер ги заборава одобрените 6 милијарди евра помош од Советот на ЕУ за државите од Западен Балкан за поддршка на нивниот пат кон членство во ЕУ, од кои на Северна Македонија и се одобрени вкупно 850 милиони евра, а Европската комисија веќе обезбеди позајмици во износ од 50 милиони евра, како дел од првата транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата, односно за авансот во висина од 7 проценти од алокацијата на средствата одобрени за нашата држава. Помош која, ни крив ни должен, ќе му слета во  „чекмеџето“ токму во период кога тој (најверојатно) ќе биде на чело на Владата. Но, има едно но, за да ја добие треба да ги спроведе реформските процеси во земјата кои ги започна предходната влада.

За тоа какви се досега придобивките на Србија од соработката со Кина, може да се прочита во објавата на ЦИВИЛ Медиа, додека кинеските инвестиции го преплавија истокот на Србија, но и покажаа дека Пекинг не се грижи за правата на работниците и заштитата на животната средина, а Србија го зголеми должничкото „ропство“ од 300 милиони на 3,7 милијарди евра. Во исто време, профитираат само кинеските компании, додека цената на „челичното пријателство“ на двата народа ќе ја плати само еден – оној што пие вода од Сава и Дунав, а не од реката Јангце.

А сега следува временска прогноза: Црни облаци се надвиснаа над Македонија. Невремето кое ја зафати земјата ноќта на 8 мај, со себе носи нестабилност, поројни дождови и грмотевици, силен ветер и појава на град.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Александар ВучиќВМРО - ДПМНЕздолжувањеКинамандатарХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ