Кривичните совети при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кои постапуваат по барањата доставени до Судот, а поврзани со Законот за амнестија ги донесоа првите решенија кои во текот на денот ќе бидат доставени до надлежните затворски установи од каде се добиени барањата, соопшти Основниот суд Скопје 1.
Со оглед на големиот број барања кои се уште пристигнуваат во Судот, кривичните совети продолжуваат со работа и донесенете решенија вендаш ќе бидат доставувани до надлежните установи се со цел да се запази законски утврдениот рок.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.