Форум ЗФД и српскиот неделник „Време“, денеска, со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Стоун Бриџ“, организира панел -дискусија на тема „Допирни точки: што е Балкан, што се зборува за Балканот и што би можел Балканот да биде“.
По панел-дискусијата во Белград, на која се зборуваше за албанското прашање на Балканот, и панел-дискусијата во Приштина, и оваа, трета по ред, дискусија уште еднаш ќе ги отвори прашањата за културните и историските односи меѓу разните народи на Балканот.
Говорници ќе бидат Елиза Хоџа, архитект и урбанистички планер од Косово, Жидас Даскаловски и д-р Сашо Орданоски, политички аналитичари од Македонија и Теофил Панчиќ, колумнист од Белград.
Панелот ќе го модерира Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.