• Latest

Допрва ќе следат трошоците за мисии во странство и членството во НАТО

June 10, 2019
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Допрва ќе следат трошоците за мисии во странство и членството во НАТО

June 10, 2019 09:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Игор К. Илиевски

Покрај сегашните промени, буџетот на одбраната уште ќе ја менува структурата со полноправното членство во НАТО. Меѓу другото, Македонија ќе треба да учествува во заедничкиот буџет на Алијансата, но и да одвои повеќе пари за трошоците за воени операции надвор од нејзината територија.

Годинава мисиите на АРМ во странство ги чинат даночните обврзници 3,4 милиони евра. Тоа се само парите за исплата на платите на војниците во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан. Со сегашните аранжмани, тоа се единствените трошоци што АРМ ги има за мисиите.

„Трошоците за операции надвор од земјата се околу ијлада евра по човек за еден месец“, вели висок извор од Министерството за одбрана.

Според наводите во буџетот, годинава 70 припадници на АРМ учествуваат во мисии во странство. Поделени во два контингента со шестмесечна мисија, на пример, месечните трошоци за секој контингент би биле по 35.000 евра, или 420.000 евра годишно. Но, за операција во која би била вклучена Лесната пешадиска борбена група, на пример, експедициска единица на АРМ која би требало да брои најмалку илјада војници, трошоците само за еден месец би биле милион евра.

Друг крупен трошок за операциите во странство е стратегискиот транспорт, односно начинот на кој војниците и опремата ќе се пренесат од Македонија до местото на операции. Досега, транспортот секогаш бил на товар на партнерска земја.

„Стратегискиот транспорт ќе зависи од ситуација до ситуација и така и ќе го пресметуваме. Тоа се трошоци кои најчесто не можат да се предвидат однапред. Во редовните мисии ни е обезбеден од партнерите“, вели изворот.

Третата значајна ставка која допрва ќе се пресметува во буџетот се трошоците за контрола на воздушниот простор, односно за патроли на воени авиони за заштита на небото. Земјите од НАТО кои, како Македонија, немаат авијација за оваа услуга „изнајмуваат“ сојузнички авиони, односно ја добиваат од земја-членка која има воздухопловни капацитети. На пример, небото на Црна Гора и Албанија го патролираат грчки и италијански воени авиони.

„Аранжманот за заштита на небото допрва ќе го договараме, обично се прави со соседна земја“, вели изворот.

За среќа на планерите на одбранбениот буџет, истовремено со овој разговор, при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Скопје, Грција најави дека бесплатно ќе патролира на македонското небо.

Рамка

Во очекување на новиот закон за јавни набавки од областа на одбраната и безбедноста, министерството се обидува да ги прилагоди процедурите за набавки и да ги допрецизира со мерливи параметри.

Така, со една измена на Упатството за начинот на спроведување на постапката за јавни набавки во Министерството за одбрана (МО)на 3 април лани, преку интерните процедури воведува обврска секоја јавна набавка да биде проследена со технички спецификации на производот кој се набавува и со преглед на најмалку три производи кои постојат на пазарот, а ако нема три такви производи, да се образложи неопходноста од набавката.

Измените пропишуават и лицето од МО кое ја изготвило техничката спецификација да биде вклучено во работата на комисијата, а неговото мислење за понудите да влезе во посебен записник. Меѓу другото, со измените му се дава можност на министерот да формира комисија за квалитативен и квантитативен прием при реализација на договорите.


Прочитајте повеќе:
Речиси 25 милиони евра за опрема која ќе се набавува долгорочно
И пензиите стануваат „трошоци на одбраната“
АРМ со нови „фондови“ за пензии и оружје и нови правила за трошење
Се носи нов закон и се враќа стар систем за набавки


Подготовката на оваа истражувачка сторија е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Содржината на оваа истражувачка сторија не ги одразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија на Вестминстер или Британската влада

Share44TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ