• Latest
Дорис Пак, извор СДК (фото К. Попов)

Дорис Пак, дојди пак

November 1, 2019

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Дорис Пак, дојди пак

Германката Пак не кажа најдиректно, но суптилно дипломатски во изјавите и во кусите интервјуа за неколкуте македонски редакции, по нашето откачување од страна на Макрон, малку нѐ подутеши дека францускиот шеф на галската држава не ѝ даде корпа само на земјава.

November 1, 2019 15:08
in Uncategorized
Дорис Пак, извор СДК (фото К. Попов)

Дорис Пак, извор СДК (фото К. Попов)

Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Жената, големиот и најчесто не разбран пријател на земјава, доскорешната германска европратеничка, актуелна шефица на женскиот дел на европските десни, на европските народни партии Дорис Пак, е на ден во Скопје. Во нејзините повеќекратни посети на Македонија, во детектирањето на нашите автентични состојби таа, како и досега, строга, критична, прецизна, принципиелна. Типично германски.

Гостинката, овој пат на жените политичарки на ВМРО-ДПМНЕ, пак отворена, директна и реално сурова. Макрон ја утна работата. Додека не омекне европското срце, Македонија мора да издржи и да ги турка реформите бескомпромисно. Судските процеси, исто така. Правото и правдата е европската врата, рече Дорис во Скопје.

Дотогаш накратко можете и во Евроазија, гримастично и со доза иронија порача таа, одговарајќи на новинарска сугестија, додавајќи дека на Македонија неизбежното местото ѝ е Европа.

Сублимирано, тоа се нејзините пораки од нејзината последна посета на Скопје.

Германката Пак не кажа најдиректно, но суптилно дипломатски во изјавите и во кусите интервјуа за неколкуте македонски редакции, по нашето откачување од страна на Макрон, малку нѐ подутеши дека францускиот шеф на галската држава не ѝ даде корпа само на земјава. Суптилно, метафорично ама итро му одговори на францускиот шеф на државата дека е лесно во аут да се истуркаат балканските велесили какви што се Македонија и Албанија.

Особено со неговото одважно не за Македонија, Макрон практично ја торпедираше и изморената Меркел. Но, во исто време, покрај сите други европски лидери и нивните политики на темава, ги дискредитираше и германската влада и германскиот Бундестаг. Можеби впечатоков е пресубјективен, но од тонот на нејзините изјави, од гестикулациите на нејзините раце, од трепетот на нејзините динамични очи, како да избиваше гнев за Макроновиот негаторски гест. Не само спрема државичките како Албанија и Македонија. Вклучително и спрема, во Унијата, великата Германија.

Па, Емануеле, помисли до наредната можност. Германкава дотогаш најверојатно повремено ќе те потсетува на курназлукот врз Македонија. А Германија со Меркел или и без неа, сеедно, сепак, не е Франција.

Дорис Пак, дојди пак.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ