• Latest

Досега извршени 1.800 тестирања, нема потреба граѓаните самостојно да се тестираат, порача Филипче

March 27, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Досега извршени 1.800 тестирања, нема потреба граѓаните самостојно да се тестираат, порача Филипче

March 27, 2020 17:21
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучно со вчерашниот ден се спроведени вкупно 1.800 тестови за коронавирус, изјави на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата министертот за здравство Венко Филипче.

Запрашан во однос на лекувањето на трите случаи на излечени пациенти тој истакна дека пристапот кај сите пацинети е ист, им се приостапува максимално сериозно и професионално користејќи ги сите светски искуства.

-Разбирлив е стравот на граѓаните, Од оваа болест има огромен број во светот излечени пациенти тоа е одлична работа, Втора одлична работа е што огромен број од пацинетите имаат лесна клиничка слика, па и кај нас имаме на домашно лекување пациенти, нема потреба од хоспитализација. Дури и одреден број од пациентите кои се на Инфективна клиника се со лесна клиничка слика. Пристапот е ист, целосно се посветени докторите, целокупниот медицински персонал. Еве сега е дадена целата терапија која што има одредени добри искуства, како и во многу земји во светот. Навистина има мал процент и во светски рамки на пациенти на кои им е потребно интензивно лекување во смисла на респираторна поддршка. Каков ќе биде исходот и дали ќе може да се идентификува група која на пациенти која е поризична или не е ризична, врз основа на некои претходни болести, врз основа на возраста, меѓутоа тоа не е правило како што и се докажа и досега. Затоа на сите овие пациенти им се пристапува максимално сериозно и професионално користејќи ги сите светски искуства. Се надевам дка нема да има значајно зголемен број на пациенти со крива која ќе биде многу остра, рече Филипче.

Според него, во Македонија нема засега жариште на заболувањето кое е автохтоно. Нагласи дека апсолутно сите луѓе кои одат во карантин и кои што доаѓаат со организиран превоз се прегледани од епидемиолог и интернист. Досега немало ниту еден заболен, додека  неколку пациенти кои биле со покачена температура во некои од објекти сите се  тестирани  и сите се негативни.

-Тој процес е целосно под контрола на здравствените работници согласно местото каде се наоѓаат од страна на најблиската јавно-здравствена установа или Центар за јавно здравје, подвлече министерот Филипче.

Прашањето во врска со времетраењето на изолацијата било дискутирано на Комисијата за зарзани болести и заеднички стручен став на Комисијата е дека после карантин од 14 дена нема потреба од тест туку дополнителни 14 дена домашна самоизолацоија. Во однос на терапијата нагласи дека сите ќе ја добијат, нема недостаток, но откако ќе се извршат кардиолошки испитувања.

-Апсолутно сите ќе ја примат терапијата. Алоциравме сосема доволно количини за одреден број на пациенти кои треба да се лекуваат. Во овој момент се органиизра начинот на превоз од домашно лекување на Клиниката за инфективни болести каде кардиолошки ќе се евалуираат од специјалисти кардиолози кои тука ќе доаѓаат и согласно дали се кандидати за терапијата или не, ќе се направи систем за нејзино примање. Таа треба да трае пет дена. Тие кои ќе се индицираат на терапијата, или ќе се задржат во биолницата во континуитет или ќе се организира превоз, посочи Филипче.

За нивниот превоз рече ќе се користат возилата на Здравствен дом Скопје. Во однос на Дебар, рече терапијата ќе биде давана исто така во болнички услови од страна на лекарите специјалисти од Скопје кои се таму како и од локалните доктори.

Филипче нагласи уште еднаш дека нема потреба граѓаните да одат сами на тестирање за коронавирусот. Доколку им е препишана таа мерка можат да го контактираат локалниот епидемиолог.

За  проблемот со работниците на кои им завршил карантинот, а од компаниите им бараат коронатест, кога во исто време матичен лекар не може да им закаже тестирање бидејќи не ги исополнуваат ниту минимум од условите во епидемиолошката анкета, министерот за здравство рече дека во ваков случај во смисла на известување може да се официјализира ставот на Комисијата за заразни болести поткрепен со соодветно стручно мислење и тоа да биде дистрибуирано до секоја институција во државата со цел да се избегнат вакви проблеми.

Согласно денешните информации, нема нови случаи на заразени  деца покрај трите случаи кои се веќе познати – две деца се со членовите на семејствата кои се исто така позитивни, а едно 15-годишно момче се лечи на Инфективна.

Во начинот на закажување за тестирања, проблемот се реши со кол центарот за прием на повиците, а од почетокот на следната недела во функција ќе бидат и мобилните тимови кои ќе се работат заедно со Здравствен дом Скопје.Инаку, кај закажувањето преку матични лекари, системот дозволува и алгоритам по итност.

-Се надевам дека системот на мобилно возило кое ќе има мозжност да дојде до домот на пациентите уште повеќе ќе го олесни пристапот, рече Филипче.

Тој додаде дека овој систем ќе почне да се применува прво во Скопје од следната недела, а потоа и во другите градови.

Тој ги охрабри сите кои имаат информации за непочитување на наложената самоизолацијата да пријави во ДСЗИ, МЗ.

-Не смее да има такви сценарија. Само такви сценарија нас не доведуваат во ситуација да се дисеминира вирусот, апелираше Филипче.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ