• Latest

Драг сограѓанину Димче шовинистче

December 2, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Драг сограѓанину Димче шовинистче

December 2, 2020 13:12
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Драг сограѓанину Димче шовинистче, како она рече:

„Драги сограѓани АЛБАНЦИ.
Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара…“ напиша Димче Апасиев на Фејсбук

Е, замисли ваква ситуација Димче:

Замисли Левица да има нормален претседател и претставник во Парламентот, наместо шовинист како тебе, и тој да се бори за правата на сите без разлика на етничката, или каква и да е друга определба и да не му смета именуван функционер само затоа што е од друга националност и ништо друго.

Дали тоа нема да те фрустрира?

Дали ти како шовинист ќе се осеќаш пријатно во таква ситуација?

Е токму тоа ти Димче од „славна“ Левица им го правиш на сите Македонци – да им е срам од тебе. Во име на твоите шовинистички фрустрации си ги лечиш комплексите злоупотребувајќи го ирационалното вето од соседна Бугарија и осетливоста на македонските граѓани во вакви моменти.

Со кое право?

Со чие полномошно?

Дали мислиш дека тоа агресивно верување во твојата „национална супериорност“, ти го даваат овие 6.4к лајкачи на Фејсбук после твојата објава „Драги мои Албанци“, или пак мислиш дека тоа право ти го даваат оние десетина кои ти доаѓаат на протестите што ги организираш и поддржуваш? Немој да се залажуваш дека го имаш полномошното од оние самосвесните што те гласаа на изборите, оти одамна имаат кренато раце од тебе и се чудат каде им бил паметот. Oвој твој последен шовинистички испад само им е потврда. Погледни си го тајмлајнојт.

Дали мислиш дека лајкачите ти даваат полномошно да навредуваш и изолираш цел еден народ што живее работи и си ја сака Македонија за своја?

Ти воопшто не ја спориш умешноста на функционерот (да го направеше тоа ќе беше легитимно), е мој Димче шовинистче, ти ја спориш етничката припадност на Министерот за надворешни работи, нагласуваќи го со големи букви неговото презиме ОСМАНИ и што е уште позагрижувачки, ти не си ни свесен колку е тоа забегано, ами сериозно повикуваш и бараш негово отповикување само ради неговата етничка припадност. Не ми се верува колку си заминат.

На што повикуваш ти национал-шовинистче: на сегрегација, на федерализација, на нови возови кон логори, на размена на територии, на крв ли повикуваш таков невреден и набилдан со омраза.

Кој си ти?

Добро, сите знаеме чиј си ти политички производ, но кој си ти и нели ти е срам еве да речеме од докторските титули со кои се петелиш, или нели ти е бар малку срам од гласачите кои не се Македонци, а ги прелажа на минатите парламентарни и ти дадоа поддршка.

Мене како Македонец ми е срам дека имаме вакви шовинсити како тебе, што без никаква задршка искажуваат крајно нацистичка нетрпеливост и недоверба.

Затоа драг мој Димче шовинистче, сега, во овие драматични моменти кога дрско си го покажа шовинистичкиот лик, добро не ти е прв пат, но сега е моментот да си ги собереш парталите од политичката сцена, да им ја оставиш партијата на тие што избегаа од тебе, а не од левичарската идеологија и да застанеш рамо до рамо со Миленко, Пандов и шовинистичка компанија, како што е ред и каде што ти е местото.

Смрт за шовинизмот, слобода за граѓаните!


*Шовинизмот, во оригиналната смисла на зборот, е екстремен национализам и агресивно верување во националната супериорност и слава. Шовинизмот вклучува екстремна и неразумна пристрасност во име на која било група на која некој припаѓа, особено кога пристрасноста вклучува злоба и омраза кон ривалските групи. (извор: Википедија)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ