„Ако свиркачите, укажувачите, оние храбри луѓе, ги ризикуваат своите работни позиции, својата безбедност, па дури и животот, тогаш што најмалку можеме да го дадеме како новинари/ки, како активисти, како невладини организации и институции, е и ние да го понудиме својот својот живот, како гаранција за нивната заштита“, рече Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на денешната конференција „Ден на слободен говор“ што се одржа во Скопје, по повод Меѓународниот ден на укажувачите.
Тој додаде дека ЦИВИЛ последните избори ги набљудувал со 308 набљудувачи, а на адресата на оргфанизацијата стигнале над 2.000 пријави, благодарение токму на свиркачите, кои даваа информации за изборни прекршувања.
„Ако некогаш, меѓу гондолите во супермаркет, доаѓаа луѓе и со шепот ни се обраќаа ‘Браво дечки, продолжете така’, сега, и преку улица креваат тупаница и викаат: ‘Браво Цивил-и, браво граѓански организации!’. И, јас им благодарам за таа храброст. А за таа храброст ќе издвојам три букви – СЈО. Ние ќе продолжиме да се бориме за правата на граѓанките и граѓаните“, истакна Дерала.